Почетна Политичка теологија ИСТРАЖУВАЊЕ: Бројката на прележани од Ковид 19, двојно поголема од официјалната статистика
ИСТРАЖУВАЊЕ: Бројката на прележани од Ковид 19, двојно поголема од официјалната статистика

ИСТРАЖУВАЊЕ: Бројката на прележани од Ковид 19, двојно поголема од официјалната статистика

110
0

Интернет порталот “Religija.mk, заедно со „Институтот за политички истражувања Скопје“ – ИПИС, и со поддршка на Фондацијата „Конрада Аденауер“ – КАС, спроведоа уште едно истражување на јавното мислење со цел мерење на перцепцијата на граѓаните во поглед на нивната верска определба, верување и општествени теми.

Овој пат истражувањето е насловено: „Верските заедници и ковид кризата – односот на религијата кон ковид пандемијата“ и е споредбено истражување на оваа тема речиси година и половина по првото вакво истражување направено на почетокот од пандемијата. Религија.мк во следниот период ќе ги објави разултатите на прашањата поединечно со анализи.

34,5 проценти од населението над 18 години има прележано Ковид 19, покажува последното истражување на Религија.мк, ИПИС и Фондацијата Конрад Аденауер – КАС. Ова е прв ваков барометар кој треба да даде податок за скриената бројка на прележани од Ковид 19, наспороти официјалната статистика на министерството за здравство.

Последните податоци на статистиката покажуваат дека околу 14% од наслението над 18 години има позитивен тест на Ковид 19. Тоа пак покажува дека скриената бројка на позитивни е најмалку двојно поголема од официјалната статистика.

Анализиата на податоците покажува дека повисокиот процент на граѓани кои изјавиле или дека имаат прележано ковид, или дека не се сигурни се должи на неколку фактори.

Првиот е дека дел од заразените не успеале воопшто да се тестираат и затоа не се во официјалната статистика.

Вториот дека дел од граѓаните не биле сигурни дека имаат ковид и не се тестирале, се тестирале со брзи тестови или пак не сакале воопшто да се тестираат.

Додека третата причина е што во државата има помалку население од официјалните податоци на заводот за статистика.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *