Истражување БИРН – МПЦ-ОА и ИВЗ поседуваат 0.5 проценти од територијата на државата

Date:

Share post:

Македонската првославна црква – Охридската архиепископија и Исламската верска заедница се соппственици на речиси 0.5% од територијата на државата. Ова го покажува базата на податоци “Верски имоти под лупа“, што ја направила Балканската истражувачка репортерска мрежа (БИРН) и која за првпат обезбедува увид во имотот на двете најголеми верски заедници во земјата, онака како што овој имот е впишан во македонскиот катастар.

МПЦ-ОА располага со 101 квадратен километар имот, а ИВЗ со 13 квадратни километри.

Во базата се внесени 14.757 парчиња имот со кои располага МПЦ-ОА, поединечните цркви или нејзините епархии, како и дополнителни 5.363 кои во катастарот се внесени како имоти во кои фигурира ИВЗ, нејзините муфтиства или локалните џамии.

Клучни наоди од базата

МПЦ-ОА поседува околу една третина од планината Галичица и големи делови од македонската страна на Јабланица, додека најголемото земјиште на ИВЗ е на јужната падина на Водно.

Над 80% од имотите на МПЦ-ОА се шуми, ливади и пасишта, односно околу 8.100 хектари, а ИВЗ располага со 3.200 хектари шуми.

МПЦ-ОА има и 1.300 хектари земјоделско земјиште, додека ИВЗ 1.700 хектари.

Станбениот простор во сопственост на МПЦ-ОА изнесува околу 140.000 м², а кај ИВЗ над 37.000 м², вклучувајќи и станбени простори во нови објекти во Скопје, Битола, Тетово и други градови.

Црквата има деловни простори во чаршиите во Скопје, Битола, Охрид и Прилеп, додека ИВЗ стопанисува со пазарот во Дебар, трговски комплекс во Гостивар и објекти во Струга, Тетово и Битола.

Сопственик на хотелите „Изгрев“ и „Бисер“ на Охридско Езеро е МПЦ-ОА, додека ИВЗ има апартман во хотелот „Парк Лејксајд“ во Охрид.

Базата „Верски имоти под лупа“ е достапна јавно и има за цел да поттикне транспарентност и информираност кај јавноста за обемот и структурата на имотот на верските институции во земјава, велат од БИРН.

Истражувањето на БИРН се однесува само на имотите заведени во катастерот на државата, сепак овие две верски заедници изминативе години, преку процесот на денационализација, добија и големи суми државни обврзници за имот што не беше во можност да им биде вратен од страна на државата. Дополнително голем дел од имотот, по разни основи во минатото беше оттуѓен, најмногу како простор за изградба на станбени комплекси.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Нов 21 метарски крст во Скопје

Од минатата сабота, на празникот Митровден, небото над Раштак и Скопска Црна Гора доби нов симбол – светлечки...

Ватикан покрена истрага против швајцарски гардист поради наводен антисемитски инцидент

Ватикан започна истрага поради наводен антисемитски инцидент во кој припадник на Папската швајцарска гарда, за време на папска...

Незадоволство во редовите на Руската православна црква: свештеници проговорија за војната и лицемерието на системот – III

Го напуштив свештенството во Руската православна црква – не сакам повеќе да се мачам во атмосфера на дволичност...

Православната вера отсега ќе може официјално да се изучува во холандските училишта

Каде и да има родители што ќе ги запишат своите деца, и обучени наставници кои се достапни, ќе...