Почетна Вести Истрага за педофилија во католичката црква во Лион
Истрага за педофилија во католичката црква во Лион

Истрага за педофилија во католичката црква во Лион

107
0

Судот од Лион нареди отворање прелиминарна истрага за „непројавување на криминално дело“ и „ставање во опасност на животот на трето лице“ против повеќе високи раководители на католичката црква од Лион за дело педофилија на еден свештеник во период меѓу 1970 и 1991 година, јави дописникот на МИА од Париз.

Меѓу лицата кои се опфатени со истрагата се наоѓаат тројца кардинали Филип Барабариан, кардиналот Милер и уште еден кардинал од Рим. Асоцијацијата на жртвите „Слободен збор“ предводена од Бернар Рејнар им забележува на високите црковни органи дека ја прикривале аферата иако биле запознати со сексуланите агресии на свештеникот врз млади католички извидници. Неговите дела биле познати од црковните власти уште од 1991, но тие за тоа молчеле.

Седумдесетгодишниот свештеник од крајот на јануари е притворен и тој се гони за сексуална агресија врз најмалку тројца малолетници од извидничка група, за која се грижел цели дваесетина години во Сант-Фоа-лес-Лион. Свештеникот според француските медиуми го признал делото.

Во извидничката група на моменти имало до 400 деца и малолетници, некои од нив веќе поднеле пријави против свештеникот по што следуваше неговотот притворање, некои од делата се застарени, но некои не.

Во август минатата година црковните власти му ја одземале парохијата со која раководел свештеникот во регионот на Роан и притоа му било забрането да има контакти со млади.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *