Историски моменти во Фанар: Папата Лав XIV ќе пристигне на престолниот празник на Вселенската патријаршија

Date:

Share post:

Вселенската патријаршија објави официјално соопштение по повод големиот празник на светиот апостол Андреј Првоповикан – престолниот празник на Светата Велика Христова Црква, најавувајќи дека Римскиот папа Лав XIV ќе го посети Фанар и ќе присуствува на свеченостите.

Според соопштението, Папата ќе пристигне во Вселенската патријаршија во сабота, 29 ноември, придружуван од својата делегација. По пристигнувањето, Папата и Вселенскиот патријарх Вартоломеј ќе се упатат кон патријаршискиот храм, каде што ќе биде отслужена свечена доксологија, во присуство на Патријарх на Александрија и цела Африка Теодор II, како и на јерарси од двете цркви, дипломатски претставници и други високи гости.

По доксологијата, во Престолната сала ќе биде потпишана Заедничка декларација од. Потоа ќе биде извршено официјално претставување на јерарсите на двете цркви и на членовите на папската делегација. Во патријаршиската канцеларија ќе се одржи и приватна средба меѓу двајцата поглавари. Во продолжение ќе биде отслужена Велика вечерна, на која ќе началствува Александарискиот патријарх Теодор II. Следниот ден, во недела, на 30 ноември, ќе се служи патријаршиска и синодална Божествена литургија, предводена од Вселенскиот патријарх Вартоломеј, во сослужение со патријархот Теодор и повеќе архиереи.

На литургијата ќе присуствува и Римскиот папа со својата свита, како и претставник на грчката влада и дипломатски мисии со седиште во Константинопол. На крајот од литургијата, папата и патријархот ќе разменат официјални поздравни слова, а од балконот на Патријаршискиот дом ќе биде извршено благословување на присутниот народ. Влезот во Фанар ќе биде дозволен само со специјални покани издадени исклучиво за овие денови.

Посетата на папата Лав XIV во Фанар, која претставува и прва мирна папска посета надвор од Рим по неговиот избор, испраќа силна порака за продлабочување на довербата и зацврстување на односите меѓу двете цркви. Овој историски чин, прикажан преку неколкуте протоколарни елементи,  го нагласува заедничкиот ангажман за дијалог, соработка и сведоштво во духот на мирот и христијанското единство.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img