Почетна Верски буквар Историјата на Рамазан
Историјата на Рамазан

Историјата на Рамазан

224
0

Ние би требало да се угледаме на примерот на Пратеникот, с.а.в.с., неговите асхаби и првите генерации муслимани доколку сакаме да извлечеме максимална корист од овој мубарек месец. Пратеникот, а.с., рекол: „Најдобрата генерација е мојата генерација, потоа оние кои следат, па оние кои следат“. (Бухари и Муслим)

Ќе обрнеме внимание на некои работи на кои исправните претходници посветувале посебно внимание во текот на месецот рамазан:

УЧЕЊЕ КУРАН

Аллах вели: „Во месецот рамазан започна објавувањето на Куранот.“ (Ел Бекара, 185.)
Поради почетокот на објавата на Куранот во месецот Рамазан, исправните претходници го зголемувале учењето на Куранот. Ибрахим ел-Нех’аи вели: „Ел-Есвед бин Језид имал обичај да го проучи целиот Куран секоја втора ноќ во рамазан. Спиел помеѓу акшам и јација. Надвор од рамазан, го завршувал учењето на Куранот на секои шест ноќи.“

Аб дел-Малик бин Еби Сулејман ни пренесува дека Саид бин Џубејр исто така го проучувал целиот Куран секои две ноќи во рамазан. Исто така се спомнува и дека Ел-Велид нормално го проучувал Куранот секои три ноќи, а во рамазан целиот го проучувал 17 пати. Селам бин Еби Мути’ ни пренесува дека Катада за 7 дена го проучувал целиот Куран, но во рамазан тоа го правел секои три дена, додека во последните 10 ноќи секоја ноќ го проучувал целиот Куран.

Ел-Касим бин Али го опишува својот татко – Ибн Асакир, познатиот автор на „Историјата на Дамаск“: „Секогаш клањаше во џемат и беше истраен во учењето на Куранот. Секој петок го проучуваше целиот Куран. Но, во рамазан, тоа го правеше секој ден и се повлекуваше во источниот минарет на џамијата.“

Ел-Зехеби го пишува следново за Ебу Берекет ХибахАллах бин Мухфуз: „Студираше исламско право и учеше Куран. Беше познат по добродетелство и по своите добри дела. Во текот на месецот рамазан ќе го проучеше целиот Куран 30 пати.“

КЛАЊАЊЕ НОЌЕН НАМАЗ

Ел-Са’иб бин Језид раскажува: „Омер бин ел-Хаттаб им нареди на Убеј бин Ка’ба и Тамим ел-Дари да имамат во текот на рамазан. Секој од нив ќе проучеше по илјада ајети на еден кијам, а ние моравме да се потпираме на стапови поради долгото стоење. Ги завршувавме намазите дури пред зори.“ (Мусаннаф Аб дел-Реззак (7730) и Сунен ел-Бејхеки (4392))

Абдуллах, синот на Ебу Бекр, раскажува дека слушнал од татко му како вели: „Кога ќе ги завршеа намазите во рамазан, слугите мораа да побрзаат да подготват храна во страв од настапување на зората.“ (ел-Муветта’(254))

Аб дел-Рахман бин Хурзум ни пренесува: „Имамите ќе завршеа со учењето на сурата Ел Бекара во осум рекати. Кога имамите ќе ја проучеа за 12 рекати, луѓето тоа го сметаа како настојување на имамите да им олеснат.“ (Мусаннаф Аб ’дел-реззак(7734) и Сунен ел-Бејхеки (4401)).

Нафи’ раскажува дека Ибн Омер имал обичај да клања дома за време на рамазан. Кога луѓето ќе излезеле од џамијата, тој одел во Пратениковата џамија, носејќи шише вода со себе и не ја напуштал џамијата се до после сабах. (Сунен ел-Бејхеки (4384)) Имран бин Худејр ни пренесува дека Ебу Миџлаз предводел намаз во текот на рамазан на луѓето во соседството. Го проучувал целиот Куран во намаз за седум дена. (Мусаннаф Ибн Ебу Шејбах)

ШИРОКОГРАДОСТ ВО САДАКА

Ибн Аббас вели: „Пратеникот, а.с. беше најдарежлив човек, а најдарежлив беше во месец рамазан кога му доаѓаше Џибрил. Му доаѓаше секоја рамазанска ноќ за да го поучи на Куран, така да Пратеникот а.с, стануваше поблаг и од благиот ветрец во правењето добро.“ (Сахих ел-Бухари (1902) и Сахих Муслим (2308)).

Ел-Мухаллеб ја наведува следнава забелешка врзана за овој хадис – Ибн Баттал, Коментар Сахих ел-Бухари (4/22-23):  „Ова ги  покажува благодетите на добрите дела и дека правењето добро отвора врата на другите. Правењето добро потпомага во понатамошното правење на други добри дела. Овде можеме да видиме дека благодета од постот и состанокот со Џибрил ја зголемиле Пратениковата великодушност и милосрдие дека во правењето стануваше поблаг од благиот ветрец.“ Ел-Зејн бин ел-Мунир го објаснува споредувањето со благ ветрец на следниов начин – ел-Аскалани, Фетх ел-Бари (4/139):  „Неговата великодушност и убавото споредување кон оние кои се сиромашни и кои имаат потреби – како и кон оние кои се богати и имаат доволно средства – е како олеснувањето кое го донесува благиот ветрец.“

Ел-Шафи рекол: „Пожелно е да се зголеми уделувањето во текот на рамазан. Тоа е следење на Пратениковиот пример. Треба исто така да се имаат предвид и луѓето со потреби и нивната добробит, бидејќи голем е бројот на оние кои поради преокупираноста со пост и намаз се спречени да заработуваат за живот.“ Ибн Омер секогаш ифтарел со сиромаси. Кога ќе дошол некој, додека јадел, и ќе  му побарал нешто, Ибн Омер земал од храната онолку колку што мислел дека му е доволно, ќе станел ооставајќи ја храната. Потоа се што имал ќе им дал на своето семејство, така што запостувал со она што го јадел претходната ноќ. (Лата’иф ел-Ма’риф (314)) Јунуз бин Језид ни пренесува дека во текот на месецот рамазан, Ибн Шибаб се занимавал исклучиво со учење на Куранот и хранење на сиромашни. Хаммад бин Еби Сулејман на себе би ја превзел обврската да нахрани пет стотини лица во текот на месецот рамазан, а после, на ден на Бајрам би им дал на секој од нив по стотина сребреници.

ПАЗЕЊЕ НА ЈАЗИКОТ

Ебу Хурејре пренесува дека Пратеникот, с.а.в.с., рекол: „Кој нема да го  остави лажењето и постапките по тоа, на Аллах не му треба да го остави јадењето и пиењето!“ (Сахих ел-Бухари (1903))
Ел-Мухаллеб го дава следниов коментар на овој хадис – Ибн Баттал, Коментар сахих ел – Бухари (4/23):
„Ова покажува дека постот подразбира напуштање на бесрамен и лажен говор како што подразбира оставање од храна и пијалок. Лицето кое се впушта во лажен или бесрамен говор со тоа ја намалува вредноста на својот пост, се изложува себе на незадоволство од Господарот и на можноста од неприфаќање на неговиот пост.“

Пратеникот рекол: „Ако некој од вас пости, треба да избегнува бесрамен говор и неуко однесување. Доколку некој почне да го навредува или започне борба со него, нека одговори: „Јас постам. Јас постам’“. (Сахих Муслим (1151))

Ел-Мазари го коментира овој хадис: „Можно е да е препорачано да се каже: ,Јас постам. Јас постам.’ само за да се потсети, така да се воздржи од учествување во навредување.“
Омер бин ел-Хаттаб рекол: „Човек не пости само од храна и пијалок туку исто така и од лажење, заблуди, празен говор и пцуење.“ (Мусаннаф Ибн Ебу Шејбах (8882))

Али бин Талиб рекол: „Постот не е во воздржување од јадење и пиење туку во воздржување од лажење, невистини и безделничење.“ (Мусаннаф Ибн Ебу Шејбах (8884))
Талк бин Кајс ни пренесува дека Ебу Зерр рекол: „Кога ќе постите, тогаш пазете се колку што можете.“ А за Талк бин Кајс се пренесува дека додека постел од дома излегувал само во џамија на намаз. (Мусаннаф Ибн Ебу Шејбах(8878))

Џабир бин Абдуллах рекол: „Кога постите, вашиот слух, вашиот вид и вашиот јазик исто така треба да постат – избегнувајќи лаги и гревови. Не смеете да ги навредувате вашите слуги. Треба да бидете смирени и достоинствени кога постите. Немојте денот кога постите да ви биде како и секој обичен ден.“ (Мусаннеф Ибн Ебу Шејбах(8880))

Ата’ ни пренесува дека Ебу Хурејре рекол: „Кога постите, немојте да се однесувате како џахили и не навредувајте ги луѓето. Ако некој кон вас се однесува џахилијетски, речете: ,Јас постам.’“ (Мусаннаф Ебу ел-Резак (7456))
Муџахид рекол: „Доколку избегнувате две работи, вашиот пост е исправен. Морате да избегнувате озборување и лажење.“
Ебу ел –Али рекол: „Лицето кое пости ибадети се додека некого не почне да озборува.“

/ ИСЛАМСКИ ЦЕНТАР  Автор: Селман ел-Ауда

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *