Почетна Политичка теологија Исламот никогаш нема да биде системски прогонувач
Исламот никогаш нема да биде системски прогонувач

Исламот никогаш нема да биде системски прогонувач

76
0

„Религија.мк“ во неколку продолженија ја објавува, анализата на тетовскиот Муфтија, доц. Д-р, Ќани Несими, која се однесува на „Културата на религиозната толеранција(тахаллум) на Османлиската Империја. Текстот претставува аналитички осврт за поимот „толеранција“ во Исламот, одност на исламот кон другите конфесии, улогата на Османлиската империја и исламот на Балканот и низа прашања кои се поврзани на ова тема.

(Трето продолжение)

Исламот луѓето ги класифицира на религиозен план на три големи групи: муслимани (муслим), припадници на објавени книги (ехли китаб) и на идолопоклоници (меџус).

Ова квалификација на луѓето во рамките на Исламот не се прави од надвор, значи не е оваа делба резултат на исламските интереси, всушност тоа е резултат на нивните верувања и верскиот практикум.

Значи идолопоклониците затоа што веруваат во идоли ги нарекува на такав начин, односно припадниците на објавена книга затоа што се тие христијани и што веруваат во Библија и во Исус Христос, како и евреите што веруваат во Стариот Завед и во Мојсије.

Во врска со претходните становишта, важно е да се заклучи, дека и идолопоклониците се исклучени од плуралистичката толеранција која ја уживуваат следбениците на книгата. Притоа овде тешко е да се признае теоријата, дека според Исламот луѓето се делат само на верници и неверници, како што наведува професор Фаттал.

Зиммиите, како што се викаат христијаните и Евреите во исламското друштво на полички план, истите се разликуват од муслиманите само според своето религиозно верување, а чувствата за регулирањето на еднаквоста стои во потстицањето едниот на друг да бидат во склад секој со својата вера.

Општо правило на Исламот е изедначувањето на едниот со другиот во рамките на исти права и исти должности, притоа оставувајќи го секој слободан на својата религија, затоа што во религијата нема присилување.

Според научниците на модерното мислење за Исламот, кои живееле кон крајот на XIX и почетокот на XX век, власта во Исламот била граѓанска власт, а не религиозна, затоа што султанот или калифот не биле заштитени од гревот и тие не биле ниту способни за тумачење на божанската објава и посланиковата традиција. Но, сепак како верски тумачи биле именувани кадиите, муфтиите и шејхул-исламите.

Професорот А. К. Зејдани во својата студија за статусот на зиммиите и странците во исламската заедница, од своја страна не гледа веќе никаква контрадикција помеѓу шериатските традиционални правила и потполното изедначување на немуслиманите со муслиманите, состојба и појава која се наредува во системот на модерното законодавство во арапските земји.

Муслиманската држава, од гледна точка на доктринскиот план не чувствува таков строг и крут однос како христијанската држава. Така во рамките на исламскиот свет никој не може да биде присилен на верување, затоа Аллах на Посланикот Мухамед му рекол: “кој сака не верува, а кој не сака нека не верува”.

Тх. Арнолд кога го објаснува фактот во врска со проширувањето на Исламот, тој пишува, дека во целина гледано, неверниците под исламската доминација живеа еден вид на толеранција што немале можност тоа да го гледаат и во Европа пред модерното време.

Гобино (Гобинеау) во својата расправа за религиите во Азија од своја страна тврди дека нема потолерантна религија од Исламот. Ние не треба да се задржиме на насилство или окрутност што е направена за некоја прилика. Ако се бавиме со тоа по блиску, во брзина во нив ќе се откриваат политичките причини на човечката страст и темпераментност.

Исто така и германскиот оренталист Мез ги подржува мислењата кои уште повеќе се наклонуваат на исламската толеранција и наведува многубројни примери за добрите односи помеѓу муслиманите и припадниците на другите вери.

Отецот Газбари вели дека треба дефинитивно да се отфрлаат мислењата, според кои арапите се уште се преставуваат како насилници кои даоѓат со сабла и кои со фанатизам ја наметнуваат својата сопствена вера. Тој исто така додава, дека Исламот никогаш нема да биде систематски прогонувач притоа исполнувајќи некоја од своите програми, и никогаш нема да преземе иницијатива против следбениците на другите религии. Но, Газбари мисли идентично како што мислат и неколку други оријенталисти, односно, дека погорчување на режимот према малцинствата коинцидира со крајната доминација на арапскиот елемент во исламската држава, која исламот го направил фанатички према еврејството, христијанството и зороастризмот.

Слично е исто така и мислењето на Ахмед Емин, кој е еминентен египатски историчар на исламската цивилизација.

Според зборовите на М. Франкоа, кој е историчар на еврејската заедница во Османлиската држава, султанот Бајазид II. со еден ферман од 1492 година наредил, на најдобар начин да бидат примени сите истераните евреи од Шпанија и да не се малтретираат.

Kenan Nesimi Muftija Tetovo malaКако што се разбира, сите модерни муслимански автори, било да се припадници на реформизмот или се интегристи, сите тие ја подржуваат тезата за апсолутната исламска толеранција, базирајќи се предходно на познатиот курански став, односно дека “нема присилување во верата” (2/157), или на вториот курански став кој повикува на плурализам и на попочитување на индивидуалната слобода во врска со религиозното верување.

(ПРОДОЛЖУВА)

Ќани Несими, доц. д-р, Тетовски Муфтија (ИВЗ)

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *