
112
0
По протестите на локалната муслиманска заедница, полицијата во Рим продолжува да ги затвора така наречените „гаражни џамии” во градот и сега муслиманите се закануваат дека ќе се молат на Алах пред катедралата „Св. Петар”.
Минатата недела властите затворија уште една импровизирана џамија во Рим, поради тоа што не е согласно градежните стандарди.
Во одговор муслиманите во градот се закануваат дека ќе се молат во Ватикан – нешто што италијанските медиуми го дефинираат како „уцена”.
„Тука се молат 300 лица. Каде ќе одиме, ако ни затворат?”-изјави локален муслиман.
Проблемот треба да се реши на социјално и политичко ниво, сметаат тие.