Почетна Вести Европа Искршени џамии во Бирмингем
Искршени џамии во Бирмингем

Искршени џамии во Бирмингем

382
0

Четири џамии во Бирмингем ноќеска се искршени со чекани.

Одделот за борба против тероризмот ги испитува инцидентите, но засега нема никаква идеја за мотивот, пренесува РТ.

Првичниот напад е пријавен во џамија на „Бирчфилд роуд“ во 2:32 часот изутрината и, како што соопшти полицијата, а имало и дополнителни пријави дека еден човек крши прозорци во друга џамија на „Слејд роуд“ околу 3:14 часот.

Полицијата патролирала низ улиците на целиот град за да спречи понатамошно уништување, а патролните полицајци откриле оштетувања и на други џамии на улиците Витон и Астон Бродвеј.

Форензичките тимови ги испитуваат местата на инцидентите, а полицијата собира видеоснимки од CCTV во обид да ги пронајде сторителите.

/Faktor.mk

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *