ИСИС ја презеде одговорноста за крвавиот напад на фестивалот во Германија

Date:

Share post:

Терористичката организација Исламска држава денеска ја презеде одговорноста за нападот во петокот вечерта во германскиот град Солинген, кога напаѓач со нож уби три лица, а рани осум други.

Претходно денеска германски „Велт“ објави полициски извештај, повикувајќи се на зборови на очевидец, кој рече дека напаѓачот за време на крвавиот пир извикувал „Алаху Акбар“, а често ја посетувал локалната џамија во Солинген.

Малолетник е уапсен, се уште се трага по напаѓачот

По напаѓачот се уште се трага, а германската полиција денеска соопшти дека во врска со нападот на фестивалот во Солинген е уапсен 15-годишен тинејџер.

Од полицијата на прес-конференцијата изјавија дека има индиции дека напаѓачот ги избодел жртвите со нож, особено во пределот на вратот.

– По евалуацијата на првите слики, претпоставуваме дека се работи за многу насочен напад во вратот – изјави директорот на полицијата Торстен Флеис на прес-конференција.

Се сомнева дека тинејџерот однапред знаел за нападот, но не пријавил во полиција, пренесува „Билд“.

Полицијата речиси ништо не знае за напаѓачот: „Тоа е нашиот огромен проблем“

Најголемиот проблем со кој се соочува полицијата е што речиси и да нема информации за напаѓачот, кој успеал да побегне во паниката и метежот што настана по нападот, изјави портпаролот на Полицијата.

– Тоа е наш огромен проблем. За насилникот засега немаме многу информации. Сведоците се во шок или не можат да зборуваат во моментов. Мораме да ги собереме сите информации како загатка за сега да ја прошириме потрагата и да го најдеме сторителот – изјави портпаролот Александар Креста и додаде дека „тешко е да се дојде до прецизен опис на напаѓачот“.

Како што пренесува германски „АРД“, истражителите веруваат дека нападот го извршил еден човек, а тој немал помошници.

/фактор.мк

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Израз на солидарност од православен митрополит по сообраќајна несреќа во Стокхолм

Автобус на јавниот превоз во Стокхолм, Шведска, излетал од својата траекторија и удрил во автобуска постојка, при што...

Британски пастор предупреден од полицијата дека библиска порака на неговиот кaмпер (возило) може да се смета за „говор на омраза“

Во Ланкашир, на северозападот од Англија, полициски службеник предупредил 59-годишен христијански пастор дека библиски стих поставен на задниот...

Грчкиот министер за надворешни работи: „Потребна е итна заштита на христијанските заедници на Блискиот Исток“

Грчкиот министер за одбрана Никос Дендиас ја истакнал неопходноста од итна заштита на христијанските заедници во поширокиот регион...

Папата Лав XIV: „Киното е повеќе од екран – тоа ја влева надежта“

Папата упатил силна порака до актерите, режисерите и сценаристите од светската филмска индустрија и ги повикал да бидат...