149
0
Од 2014 година, кога во ирачки Мосул влегоа борците на Исламската држава, биле уништени 104 џамии.
Директорот на фондацијата на Сунити во Мосул, Ебу Бекир Кенан за Анадолија изјавил дека припадниците на ИСИЛ целосно срушиле 37 џамии од историско значење за тој град.
Според неговите зборови, рушењето на овие верски објекти е голема загуба за долгогодишната историја на овој ирачки град. Освен џамии, уништени е и неколку мавзолеи, надгробни споменици, кои исто така биле цел на нападите на ИСИЛ.