
Во последниот број на пропагандистичкиот магазин на Исламската држава „Дабик“, џихадистите се закануваат дека ќе го уништат христијанството и Евреите.
Тие најавуваат крај на христијанството, а самите христијани ги повикуваат да изберат меѓу две опции.
-Можат да ризикуваат смрт и залудна војна против Исламската држава или да прејдат во ислам и да влезат во рајските градини“, се наведува во текстот.
Ова е 15 број на пропагандистичкиот магазин, кој содржи и вознемирувачки фотографии од каменувања, обезглавувања, како и повици за напади против и САД и нејзините сојузници.
Авторите исто така наведуваат дека неодамнешните напади на Западот апсолутно имаат смисла, затоа што претставуваат казна за навредите на пророкот, палењата на Куранот и војната која се води против калифатот.
-Некој би помислил дека просечен Западњак до сега се откажал од досадните тврдења дека акциите на муџахедините немаат смисла. Единствено што не би имало никаква смисла е кога не би имало насилни и жестоки одмазди“ , пишува во Дабик.
На мета на џихадистите во овој број се и папата Франциск, некои личности од грчката православна црква и коптските христијани. Исламистите предупредуваат дека Западот нема да победи во војната против ИД.
-Ќе изгубите поради тоа што се борите против оние кои го имаат Алах на својата страна, велат тие.
Низ интервју со некогашен христијанин од Тринидад и Тобаго кој го земале исламот, групата ги повикува следбениците да ги следат примерите на лавовите во Франција, благословениот пар во Калифорнија и витезовите од Орландо и Ница.