Почетна Вести ИСИЛ ја презеде одговорноста за нападот врз Коптите
ИСИЛ ја презеде одговорноста за нападот врз Коптите

ИСИЛ ја презеде одговорноста за нападот врз Коптите

273
0

Терористичката организација Исламска држава ја презеде одговорноста за двата самоубиствени бомбашки напади извршени во коптски храмови во Египет.

-Тимови на ИД ги извршија овие две напади врз двете цркви во градовите Танта и Александрија“, објави агенцијата АМАК, која е пропагандна агенција на ИД.

Нападите беа извршени пред посетата во Египет на папата Франциско, закажана за 28 и 29 април и по повик, упатен од локалниот огранок на ИД за напади врз христијаните во Египет.

Вкупно, во двата напади, убиените се 44 лица, и тоа 31 во Танта и 13 во Александрија. Повредените се над 100, односно 78 во Танта и 37 во Александрија.

При нападот во црквата во Танта напаѓачот се саморазнел во храмот. Во вториот напад, напаѓачот се саморазнесе на влезот на коптската катедрала „Свети Марко во Александрија, откако не му било дозволено да влезе внатре.

Катедралата е седиште на коптскиот патријарх Тавадрос Втори. За време на нападот тој бил во храмот и е отслужена празнична литургија по повод Цветници. Високиот свештеник не е повреден во нападот, соопшти египетската државна телевизија.

Властите на градот Танта информираа дека таму била деактивирана уште една бомба, во реонот на локалната џамија.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *