Почетна Вести Регион Иринеј: Полицијата да престане со бруталниот терор врз СПЦ
Иринеј: Полицијата да престане со бруталниот терор врз СПЦ

Иринеј: Полицијата да престане со бруталниот терор врз СПЦ

204
0

Патријархот Иринеј ја повика власта во Црна Гора, посебно припадниците на МВР, веднаш да престанат со бруталниот терор врз СПЦ, нејзиното свештенство и верниците.

Тој побара веднаш да бидат ослободени од притвор тројцата пратеници Мандиќ, Кнежевиќ и Зоговиќ.

Реагирајќи на физичкиот напад врз епископот Методиј, свештеници и српски православни верници, патријархот Иринеј смета дека овој чин е незабележан во Европа од падот на фашизмот и прекинот на болшевичкиот терор.

Патријархот во изјава за медиумите истакна дека уапсените пратеници се политички претставници на српскиот православен народ во Црна Гора, како и сите други кои се уапсени вчера и денеска, поради одбрана на своите светилишта од државниот терор и нивно присвојување.

Иринеј нагласи дека му се моли на Господ за да се вразумат луѓето кои ја водат Црна Гора, да престанат со насилство и одземање на црковниот имот, давајќи им целосна поддршка на архиереите, свештенството, монаштвото и верниците на СПЦ секогаш да се борат и да не се откажуваат од одбраната на СПЦ.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *