Почетна Вести Христијанство Иринеј: Не ги предадовме, туку ги сочувавме српските светињи во јужните епархии
Иринеј: Не ги предадовме, туку ги сочувавме српските светињи во јужните епархии

Иринеј: Не ги предадовме, туку ги сочувавме српските светињи во јужните епархии

1.47K
0

Бачкиот епископ Иринеј Буловиќ, тврди дека СПЦ ниту ги предала, ниту го продала црквите и манастирите на територијата на Македонија, туку и ги отстапила на МПЦ-ОА на користење со Томосот што го издаде за автокефалност. Иринеј, во интревју за српските медиуми, насловено „СПЦ ги сочува, а не ги продаде и предаде своите Немањички светињи“ јасно прецизира дека СПЦ до сите тие манастири и цркви намала никаков пристап од 1941 година.

-Критиката дека Српската Православна Црква ги „предала и продала“ своите немањички светињи на Југ претставува, просто-напросто, подметнување: Во Томосот за автокефалност јасно и гласно се кажува дека Српската Православна Црква го „отстапува на користење“ своето историско наследство на новата автокефална црква. Sapienti sat (на паметниот доволно)! Покрај се останато, самонаречените критичари го забораваат фактот дека Српската Православна Црква немаше никаков простап до своите јужни епархии од 1941 година се до неодамна, прво поради бугарската окупација, а потоа и поради Брозовата „македонска“ идеолошко-пполициска теорија и пракса. (тезата дека Тито ја создал МПЦ. Забелешка на преведувачот). Денеска и сите српски архиереи,почнувајќи од Неговата Светост Патријархот, имаат пристап до секоја светиња во Северна Македонија – донемањички, немањички и постнемањички – и сите архиереи од Северна МАкедонија имаа пристап до сите сропски светњи секаде во светот. Зарем е малку тоа, вели бечкиот епископ Иринеј Буловиќ во интервју за српски „Печат.

Тој потенцира дека решавањето на прашањето со МПЦ морало да се случи, затоа што веќе било јасно дека некој друг ќе го реши.

-Кога веќе ја спомнав јуриздикцијата, дали би било нормално, и пред се душокорисно самата Српската Православна Црква, претходно обезбедувајќи враќање на браќата во канонски поредок и единство, после полни 55 години поминати во раскол кој сами не го создадоа, туку го наследиле од своите претходници,на канонски начин да се реши едно болно прашање и сопствената јуриздикциска надлежност, или пасивно да чека и да го решава и по свое да го реши некој друг црковен центар,, а ние за тоа едноубаво утро да дознаеме од медиумите? Во тој случај нашите критичари, сосема сигурно ќе тврдат дека нашата црква ги „предала“ или „продала“, не само нешто свое, туку и самата себе во целост и без отстапки, објаснува Иринеј во интервјуто.

На овој начин еден од највлијателните српски владици признава дека автокефалноста на МПЦ-ОА била извесна преку Вселенската патријаршија и ако тоа се случело, СПЦ се ќе изгубела.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *