Почетна Вести Свет Иранка доби затворска казна зашто протестирала против носењето хиџаб
Иранка доби затворска казна зашто протестирала против носењето хиџаб

Иранка доби затворска казна зашто протестирала против носењето хиџаб

145
0

Жената која во Иран јавно протестираше против носењето хиџаб, осудена е на една година затвор , изјавија денеска нејзините адвокати. Вида Мохаведи беше уапсена во октомври минатата година , зашто со непокриена глава се појавила на централниот плоштад во Техеран , мафтајќи со шамијата и со црвени балони.

Таа е обвинета за поттикнување на корупција и разврат , па на 2. март е осудена на една година затвор, соопшти денеска нејзиниот адвокат .

Вида , која е мајка на двегодишно девојче, протестираше и кон крајот на 2017 и стана симбол на отпорот на Иранките , кои се обидуваат да се спасат од стегите на строгиот закон во оваа сега Исламска , а пред 50 години секуларна држава.

Тогаш Вида , како и десетици други Иранки беше казнета со парична казна , но сега судот ја осуди на една година затвор.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *