Дељадровско-илинденскиот епископ Јоаким ќе биде интронизиран најверојатно на 5 ноември. Ова во интервјуто за 360 Степени, го потврди владиката Јован.
Ова ќе биде последната интронизација на поранешните владици од ПОА, со што ќе биде заокружено и формално нивното реинтегрирање во МПЦ-ОА.
Интронизацијата на Јоаким беше одложена, но официјално не беше наведена причината. Една од неофицијалните информации е дека во Епархијата со која ќе управува нема доволно голема и значајна црква каде треба да се случи чинот на устоличување за епископ.
Сега проблемот најверојатно е надминат, откако вчера во Општина Илинден денеска беше осветен новоизградениот црковен храм „Св. Константин и Елена“, со заедничка Архиерејска литургија на која чиноначалствуваа Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и Епископот Дељадровско-Илинденски г. Јоаким.
Изградбата на оваа црква е почната на 9 јуни 2012 година, кога беше и поставен камен темелник од страна на г.г. Стефан, поглавар на МПЦ-ОА.
Новоизградениот црковен храм се простира на површина од 400 метри квадратни и висина од 22 метри.
