Почетна Вести Иницијатива за обнова на црквата Свети Никола во Маврово
Иницијатива за обнова на црквата Свети Никола во Маврово

Иницијатива за обнова на црквата Свети Никола во Маврово

515
0

Игор Цветковски е Македонски државјанин кој живее во Швајцарија и кој за себе вели дека е експерт од областа за подводни градби или за Абдихтунг, Дихтување на објекти кој се под вода.

Тој на својот фејсбук профил сподели фотографии со идејно решение како да се заштити црквата „Свети Никола“ во Маврово, која со изградбата на мавровското езеро е потопена во вода.

-Стојам на располагање 24/7 на било која влада без разлика на политичките бои! Ова се однесува посебно на Министрите за култура кои треба да ја заштитат оваа црква која претпоставувам дека е со фрескописот од мојот мијачки ген правена. Се ова ви го нудам бесплатно за својата вера кој моите предци ме учеа да ја негувам!

Ајде Народе сооделете го ова може ќе ми помогнете да ја спасам јас и вие споделете ве молам, напиша Игор Цветковски, на својот фејсбук профил.

Неговиот пост предизвика големо внимание во јавноста.

Инаку Црквата „Свети Никола“, е поранешна главна селска црква на Маврово. Била изградена во 1850 година. Во 1953 година со изградбата на хидросистемот „Маврово“ и Мавровското Езеро, црквата се нашла под вода. Сепак, во поново време, со периодите на суши, црквата се наоѓа на суво и може да се посети.

Самата градба и камбанаријата уште постојат, иако внатрешноста е главно уништена, а покривот е целосно паднат.

Црквата се нашла на врвот на списокот на напуштени цркви во светот од страна на списанието „Хафингтон пост“.

Во изминатиов период повеќе пати имало иницијатива за преместување на црквата. Бил претставен и проект за обнова и адаптација во современ културен центар од страна на фирмата „Театрикс“. Проектот предвидува околу црквата да се развива камена обвивка во две варијанти, слична на она што Цветковски го предлага. Во првиот предложен модел, камената обвивка е скулптурно обликувана со стаклени продори, кои го задржуваат допирот со водата и отвораат визури кон околината. Во втората варијанта предвидена е камена обвивка, која е обликувана во вид на систем за подвижни ѕидови, кои во зависност од водостојот се регулираат по височина.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *