Именденска честитка за Архиепископот Стефан од Рускиот патријарх

Date:

Share post:

Рускиот патријарх Кирил му го честитал именденот на Архиепископот Стефан.

Во честитката Патријархот му посакал здравје, душевен мир и благодатна радост на македонскиот архиепископ.

-Срдечно Ви го честитам именденот – денот на споменот на светиот првомаченик и архиѓакон Стефан, чесниот каменот на Црквата, сочуван во небесните ризници (седален на светецот).

Подражавајќи го овој голем угодник Божји, кој со својот животен подвиг покажа пример на непоколеблива верност кон Спасителот, Вие со ревност ја извршувате високата Првосветителска служба и се грижите словото Господово да се шири и да се слави (2Сол. 3, 1).

Во денешниот торжествен ден, молитвено Ви посакувам  крепко здравје, душевен мир, благодатна радост и неисцрпна помош од Најштедриот Владика во Вашите понатамошни Претстоителски напори, стои во честгитката од рускиот патријарх.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img