Почетна Вести Имамот Садула Бајрами нелегално зборува за шеријатот во незаконски објект
Имамот Садула Бајрами нелегално зборува за шеријатот во незаконски објект

Имамот Садула Бајрами нелегално зборува за шеријатот во незаконски објект

275
0

Нелегално и незаконски имамот Садула Бајрами држи исламски проповеди во објект во скопската општина Чаир и Исламската заедница во РМ треба да побара од МВР тој да биде отстранет од таму и санкциониран поради тоа. Ова за дневниот весник „Дневник“го посочиле државната Kомисија за односи со верските заедници и религиозните групи, откако во јавноста изби остар судир меѓу реисот на ИВЗ, Сулејман Реџепи и имамот Садула Бајрами.

OLYMPUS DIGITAL CAMERAРеисот Реџепи го квалификува Бајрами како монструм кој е надворешен платеник и кој сака да ги оддалечи муслиманите во земјава од вистинскиот ислам. Поводот за острото обраќање на поглаварот на ИВЗ беше неодамнешната порака на Бајрами до младите муслимани дека не треба да се образоваат на факултети бидејќи тоа било харам, односно недозволиво. Бајрами не е дел од ИВЗ, туку со години дејствува надвор од неа држејќи проповеди во деловен објект во близина на бензинската пумпа во скопската општина Чаир.

Ова верска заедница го поврзува Бајрами со радикалните исламски структури кои дејствуваат во земјата. Но, и покрај тоа, Бајрами, чии петочни проповеди ги посетуваат голем број млади муслимани и натаму продолжува непречено да дејствува.

Од Kомисијата за односи со верските заедници вчера за „Дневник“изјавиле дека е прекршување на законот да се одржуваат проповеди во нелегален објект.

– Знаеме дека Бајрами држи проповеди во деловен објект. Тој објект не е регистриран како верски објект, туку е обична деловна просторија. Освен ова и самиот Бајрами го прекршува законот кој јасно предвидува дека некој теолог може да држи проповеди само во согласност со Исламската верска заедница. Kолку што знаеме, ИВЗ не дала таква согласност и сето тоа што овој го прави е незаконски. ИВЗ слободно може да побара од МВР тој да биде санкциониран поради тоа, велат од Комисијата.

Реисот на ИВЗ вчера најави дека тие ќе се пресметаат со Бајрами.

-Но, со помош на Алах тие гнезда ќе се растурат и на таквите елементи ќе им се забрани нивното пропагирање кое е сосема погрешно и единствено се врши за да се оправдаат пред нивните налогодавци – потенцира Реџепи во обраќањето.

sadula 1Од друга стана, Бајрами, кој исламските студии ги завршил на Американскиот отворен универзитет во Kаиро, вчера му одговори на реисот барајќи извинување.

-Шокантна е изјавата на реисот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, кој ме нарече дека сум платеник и дека сум монструм. Јас се надевам дека ќе најде духовна сила да се извини поради ова – реагира Бајрами.

Тој вели дека таква изјава е дадена само со цел да се одвлече вниманието на јавноста од проблемите што ИВЗ ги има како институција.

-Закани со институционален личн се прават само во комунистичка диктатура, а во демократијата треба да се почитува правото на поединецот – рече Бајрами.

Тој објасни што мислел со неговиот повик до младите на не студираат.

-Во однос на мојот последен случај, каде што неправедно сум анатемисан, непочитуван и навреден, во врска со наводно мојата изјава дека не треба да се учи правото, јавно изјавувам дека оваа монтажа. Вистина е дека шеријатот не е компатибилен со лаичката јуриспруденција и врз основа на тоа, последователно правото што се учи во секуларните училишта е во судир во голема мера со исламското право, затоа го предизвикувам кој било оџа да го каже спротивното. Според мислењето на неколку научници, муслиманот со длабоки исламски убедувања може да го учи и лаичкото право, но под услов учејќи го лошото негова цел да биде цел заштита од него така што ќе му служи за споредба. Сепак, учењето на општествените науки од страна на лица со сомнителни убедувања повеќе предизвикува штета отколку корист. Говорот беше насочен кон тесен круг и е посветено токму на лицата што бараат излез од многудимензионалниот лавиринт на интерпретацијата на исламот – рече тој.

/ДНЕВНИК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *