Почетна Вести Имами тргнаа во обиколка на Европа со пораки против тероризмот
Имами тргнаа во обиколка на Европа со пораки против тероризмот

Имами тргнаа во обиколка на Европа со пораки против тероризмот

97
0

Десетици верски лидери со автобус од “Шанзелизе” во Париз тргнаа на европска турнеја. Нивната цел е да ги посетат местата каде неодамна беа извршени напади од исламисти, за да оддадат почит кон жртвите и да ги осудат појавите на насилство, пренесоа агенциите.

Имами од Франција, Белгија, Велика Британија и Тунис но и претставници на други верски заедници ќе го посетат местото каде во април беше убиен францускиот полицаец Ксавиер Жожел.

Верските водачи ќе одат и во Берлин, каде што се надеваат дека ќе се сретнат со германскиот канцелар Ангела Меркел.

Потоа  ќе отпатуваат во Брисел и Ница, и на крај  ќе се вратат во Париз на 14 јули, на денот на одбележувањето на првата година по терористичкиот напад во Ница.

„Исламска држава” ја презеде одговорноста за трагедијата во Ница, каде камион влета во луѓе на шеталиштетот на прославата на Денот на заземањето на Бастилја. Загинаа 86 лица. ИД објави дека стои и зад терористичкиот акт на божиќниот пазар во Берлин во декември минатата година, во кој беа убиени 12 лица.

/локално.мк

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *