Почетна Вести Имам се покаја за поддршката на ИСИЛ
Имам се покаја за поддршката на ИСИЛ

Имам се покаја за поддршката на ИСИЛ

169
0

imam berlinИмамот Мурат А. кој што се сомничи за промоција на Исламската држава и регрутирање борци за боиштата во Сирија и Ирак, денеска ги признал најголем дел од обвиненијата во судот во Берлин, јави дописникот на МИА.

Според обвиненијата, тој дистрибуирал копии од Куранот на млади муслимани со цел да ги убеди да учествуваат во насилство. Пред судот тој изјавил дека учествувал во кампањата за поддршка на ИД, но дека сега е дистанциран од салафистите.

Имамот кој сега се води како осомничениот Мурат А. по потекло е од руската република Дагестан, а во Германија, каде што му е одбиено барањето за азил дошол во 1993 година. Според јавното обвинителство тој преку Интернет ја промовирал ИД и давал одобрувања за насилство во име на религијата.

Меѓу неговите најтешки дела се објавување на неговото видео „Тешкотиите во исламот“ и неговото поздравување на смртта на јорданскиот пилот кој беше жив запален во мај минатата година од членови на ИД. Во неговите јавни настапи тој оправдувал насилство и масакри врз невини луѓе со исламската религија.

Тој ги признал најголем дел од делата за кои се товари но пред судот тврдел дека настапувал како приватна личност а не како религиозен претставник на ИД. Мурат А. кој бил уапсен вчера се соочува со казна затвор од околу 3,6 години. Над 800 германски граѓани досега заминале да се борат во редовите на ИД и други исламски радикални структури во Сирија и Ирак. Една петина од нив веќе се вратени во земјата.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *