Го бојкотора ли Бугарската патријаршија премиерот Кирил Петков е дилемата што ја отворија бугарските медиуми, откако Владата во Софија објави дека Петков сакал да се сретне со Патријархот Нефит, за подоцна да биде објавена информација дека таква средба нема да има.
Од бугарската влада велат дека за таква средба требало да има протокол.
Според протоколот посетата може да се одржи доколку премиерот писмено побара, а патријархот Неофит треба да соопшти кога тоа е можно . Во моментов не е пристигнато писмо од Министерскиот совет до Св. Синодот. Портпаролот на Св. Синодот на БПЦ Николај Георгиев за медиумите објасни дека Патријархот има протокол според кој таква средба може да се одржи во присуство на сите митрополити: „Ова може да се случи кога има состанок на Синодот, а денес нема“, рече отец Николај.
