Почетна На иста страна Илир Мета во посета на Бигорски – бескрајно благодарен за пречекот
Илир Мета во посета на Бигорски – бескрајно благодарен за пречекот

Илир Мета во посета на Бигорски – бескрајно благодарен за пречекот

1.88K
0

Бескрајна благодарност до владиката Партениј и бигорското братство за топлиот и срдечен дочек, напиша албанскиот претседател Илир Мета на Фејсбук по вчерашната посета на Бигорскиот манастир.

-Импресивна посета на манастирот „Свети Јован Крстител“, Бигорски манастир, кој годинава слави еден милениум од своето постоење. Ова е извонредно значаен божји храм и важен центар на православната вера, што секојдневно го посетуваат стотици верници, напиша Мета.

Посочува дека за него било огромно задоволство да разговара со владиката Партениј.

-Задоволство ми беше да разговарам со владиката Партениј, особено за улогата што верските водачи треба да ја играат во негувањето на мирот, соживот и соработка меѓу граѓаните, без оглед на етничката припадност и религијата, напиша Мета постирајќи повеќе фотографии.

Не го крие ни чувството на задоволство што при посетата на Бигорскиот манастир бил придружуван и од дебарскиот муфтија, што е заедничка порака да се зачува верската хармонија.

-Среќен сум што при оваа посета бев придружуван од дебарскиот муфтија, Решат Качалнику, за да сите заедно дадеме пораката за неопходноста од меѓурелигиска хармонија за доброто на народите и социјалниот напредок, напиша Мета.

Шефот на албанската држава за време на посетата на Бигорски се запиша и во книгата на спомени.

-За мене денес беше извонредно изненадување да го посетам Бигорскиот Манастир на Свети Јован. Едно исклучително богатство за православните верници и за сето човештво. Уште еден повод не само да се биде горд за ова извонредно дело, но и за заедничко чување и промовирање. Ќе се вратам овде набргу, напиша албанскиот претседател Илир Мета во книгата на впечатоци при денешната посета на Бигорски манастир, напиша Мета.

-Ченетите гости беа гостољубиво пречекани од нашиот старец и игумен, Владиката Партениј и браќата монаси. Притоа, јеромонахот Доситеј го запозна Претседателот Мета со илјадагодишната историја на Свештената Бигорски Обител, а во манастирската книгохранителница Владиката Партениј лично му го покажа првото албанско Евангелие напишано со латинично писмо од познатиот албански деец од Елбасан, Константин Кристофориди, објавено во Константинопол во 1872 година. Всушност, ова Евангелие има големо историско значење за Албанците, бидејќи тоа на своевиден начин е претеча на литературниот албански јазик, а Кристофориди, заедно со уште неколкумина албански Христијани, е еден од највидните дејци на албанското национално движење кон крајот на XIX век. Евангелието дојде во наследство на бигорската книгохранителница од роднината на Владиката Партениј, блажениот покојник Душан Христов Константинов, чиј син Бранимир ја подари неговата приватна библиотека на Бигорски во 2011 година. Воодушевувањето на гостите од Албанија беше огромно, за тоа како нашето монашко братство се грижи за запазување на културното и духовното наследство во регионот, без разлика на националниот претекст, велат од Бигорски.

Потенцираат дека во продолжение на средбата, Владиката Партениј пред Претседателот Мета го пофали градоначалникот Хекуран Дука и сите дебарчани за тоа што негуваат една култура на добро сожителство во дебарскиот крај на сите граѓани, без разлика на верската и националната припадност. Со овој заклучок се согласија и нашите почитувани сограѓани, градоначалникот Дука и муфтијата Качалнику.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *