Почетна Вести Ислам Илир Мета го одликува поглаварот на ИВЗ со ореден на Скендербег
Илир Мета го одликува поглаварот на ИВЗ со ореден на Скендербег

Илир Мета го одликува поглаварот на ИВЗ со ореден на Скендербег

40
0

Албанскиот претседател Илир Мета му врачи орден „Скендербег“ на поглаварот на Исламската верска заедница во Македонија, Реис ул улема еф. Сулејман Реџепи.

Орденот му се доделува за посебни достигнувања во промоција на мирот, љубовта, хуманизмот и хармонијата на меѓуверскиот соживот. Исто така како мотив се наведува и заштитата на интересите и исламскиот верски живот меѓу Албанците, грижата за развојот на образованието, на верските институции во национален дух.

Како што јави тиранската телевизија Ора њус, одликувањето му се доделува и за неговата заслуга за официјализирање на албанскиот јазик во исламските институции во Македонија.

– Во 1991 година Реџепи го официјализира албанскиот јазик во институциите на ИВЗ во Македонија, а една година подоцна беше еден од потписниците на групата иницијатори за формирање на Универзитетот во Тетово. Организацијата што тој ја раководи беше главна во прифаќањето и грижата за бегалците од хумантарната криза 1998/99 од Косово, наведува телевизијата.

На свеченоста присуствувал и македонскиот амбасадор во Тирана,Стојан Карајанов, дебарскиот муфтија Рамазан Хаса,високи претставници на верските заедници во Албанија, Косово и Црна Гора,како и пратеници и други гости.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *