Почетна Вести ИЛАРИОН АЛФЕЕВ: Соборот е легитимен, само ако сите цркви учествуваат
ИЛАРИОН АЛФЕЕВ: Соборот е легитимен, само ако сите цркви учествуваат

ИЛАРИОН АЛФЕЕВ: Соборот е легитимен, само ако сите цркви учествуваат

503
0

Руската православна црква ќе го оспори легитимитетот на Сеправославниот собор ако тој се одржи без присуство на која било од 14-те автокефални помесни православни цркви. Московската патријаршија ја заостри реториката со Цариградскиот патријарх, откако Вартоломеј одлучи да не је прифати сугестијата на Кирил за итна предсоборна координација и да продолжи со подготовките за Соборот и покрај тоа што две од православните цркви, Бугарската и Антиохиската одлучија да не патуваат на Крит.

fanar-alfeevШефот на руската црковна дипломатија, Иларион Алфеев во ексклузивно интервју за „Русија24“, вели дека Собор не може да има, ако нема консензус за него, посочувајќи дека состојбата е критична и мора да се најде решение.

– Каков е легитимитетот на овој Собор, како тие негови одлуки ќе бидат прифатени од една, или друга црква, која одбила да учествува во него и тоа не од некои технички, туку поради суштински принципиелни причини?, прашува шефот на одделот за надворешни работи на РПЦ, потенцирајќи дека единствено важно од Соборот е што тој станал фактор на обединување и единство.

– Одлуките во Соборот се донесуваат со консензус, односно едногласно. Ова значи дека не само согласност на сите присутни во салата, туку тоа значи дека сите цркви мора да се согласат со него. Ако барем една помесна Православна Црква, или две, или три… се отсутни од Соборот, тогаш тоа значи дека не постои консензус, вели Митрополитот Иларион

Алфеев смета дека иако подготовки за Сеправославниот собор траеле вкупно 55 години, како што од сега излегува, таа подготовка не е завршена и не била доволна, бидејќи некои од црква изразија незадоволство од текот на подготовките на Соборот.

-Понудивме Цариградскиот Патријарх да одржи предсоборна конференцијата, која ќе одговори на сите прашања, поради кои сега црквите една по друга откажуваат учество на Соборот.  Ако овие прашања се решат, тогаш Соборот ќе се одржи. Ако не се решат, тогаш веројатно подобро да е тој се одложи, заклучува шефот на руската црковна дипломатија, Митрополитот Иларион Алфеев.

/РЕЛИГИЈА.МК

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *