Почетна Вести Свет Иларион Алфеев: Православните се должни да веруваат во Воскресението, а не во Благодатниот оган
Иларион Алфеев: Православните се должни да веруваат во Воскресението, а не во Благодатниот оган

Иларион Алфеев: Православните се должни да веруваат во Воскресението, а не во Благодатниот оган

356
1

Шефот на руската црковна дипломатија Митрополитот Иларион Алфеев вели дека Христијаните се должни да веруваат во Воскресението Христово, а не во слегувањето на благодатниот оган.

Еден од највлијателните владици во Руската црква, оваа изјава ја дал ви интервју за телевизијата “Россия – 24”.

-Не е задолжително да веруваш во слегувањето на благодатниот оган, за да бидеш православен христијанин. Задолжително за православната вера е верувањето во Воскресението на Христос. Ние исто така веруваме во Светиот Дух, во едната Света, Соборна и Апостолска Црква, веруваме во едното крштение, веруваме во воскресението на мртвите – тоа се догмите наведени во Символот на верата, чие усвојување е услов за припадноста ни кон Православната црква, изјавил Иларион Алфеев.

Тој потенцирал дека никаде во Симболот на верата не се вели дека христијанинот мора да верува во блажениот оган.

Митрополитот Иларион раскажал и дека бил сведок на случувањата во храмот на Светиот Гроб во момент кога Ерусалимскиот патријарх излегува од Кукувлијата.

-Никој не гледа што се случува внатре во Кукувлијата, бидејќи патријархот останува таму сам. Многумина веруваат дека овој оган слегува по натприроден начин и јас не гледам нешто неверојатно тоа да е токму така. Бог вршел чуда во минатото, може да прави чуда и во наше време и овие чуда се вршат за зајакнување на верата на луѓето, изјавил Алфеев за “Россия – 24”, без да даде јасен одговор на прашањето дали навистина свеќите во Гробот Господов сами се запалуваат сами, без надворешен извор, на пример, запалено кандило, како што неодамна изјави ерменски епископ).

/ДВЕРИ.БГ

Коментар(1)

  1. Да, ама благодатниот оган е едно од сведоштвата за Христовото Воскресение и Вознесение на небесата, и секако за испраќањето на ветениот Дух Утешител.На многумина тоа сведоштво им помогнало да се утврдат во верата.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *