Почетна Коментар Иларион Алфеев:Ние водиме војна за заштита на свештените граници на нашата Црква
Иларион Алфеев:Ние водиме војна за заштита на свештените граници на нашата Црква

Иларион Алфеев:Ние водиме војна за заштита на свештените граници на нашата Црква

421
0

За две седмици Руската црква ќе чествува 10 години од искачувањето на Московскиот патријарх Кирил на патријаршискиот престол. Коментирајќи го развитокот на Руската црква во текот на овие десет години, Волоколамскиот митрополит Иларион Алфеев се обрати кон служителите во раководениот од него Оддел за надворешно-црковни врски при Патријаршијата. Според митрополитот Иларион, кој ја презеде надворешната политика на Московската патријаршија веднаш по изборот на патријархот Кирил, неговиот оддел во моментов се наоѓа во воена состојба. Тој го спореди одделот со воена единица, а своите соработници со војници, кои сега се повикани да го дадат својот живот за Татковината, ако тоа се наложи:

„Овие десет години во целост беа мирно и благопријатно време, но во последните месеци против нашата Црква се започнаа воени дејствија. И сега се наложи да работиме во потполно поинаков режим… Ние се наоѓаме во воена состојба, но оваа војна не ја започнавме ние. Нашата војна е одбранбена, а ние ќе ја водиме до победничкиот крај. Никакви потешкотии, никакви закани нема да не скршат и поколебаат, зашто ние знаеме дека го исполнуваме свештеното дело за заштита на границите на нашата Света Црква. […] Јас мислам дека нашиот оддел сосема справедливо може да заличи на армија, или во краен случај на многу важна воена единица, кое ги пази свештените граници на нашата Црква. Армијата секогаш е неопходна за безбедноста на државата, вклучително и во мирно време. Но, ако мирното време за армијата е време за вежби, по време на војна воените служители треба да бидат подготвени, ако е потребно, да го дадат својот живот за својата Татковина“.

Реториката на митрополит Иларион ја одразува политичката реторика во Руската федерација во моментов. Според официјалната пропаганда, рускиот народ е во воена состојба, тој војува против „злото“, претставено од останатиот свет, пред сè западниот. Воената терминологија изобилува во политичките новини, во публицистичките и забавните програми. Лајтмотив во историската реторика е митот за одбранбениот карактер на сите војни, кои Русите ги воделе низ вековите. Во последните месеци тој начин на говор премина и во црковните проповеди. Помеѓу руските свештеници и верници целно и организирано се всадува дух на омраза и отфрлање на православните Христијани од другите православни цркви, највеќе на оние од Константинополската патријаршија. Се зборува за очекувањето на крвопролевање. Во проповедите на вишото раководство за Црквата се говори како за линија на фронтот и сите кои не се на страната на рускиот народ, се од другата страна на воените дејствија.

Новото во црковната реторика на митрополитот Иларион е воведувањето на поимот „свештени граници на Руската црква“, кој црковното предание низ вековите не го познава. Административните граници на одделните епископии никогаш не се сметани за „свештени“, а Црквата има сознание само за мистичните граници на своето присуство во овој свет. Административната структура на Црквата од самиот почеток ја следи административната карта на секоја државна форма и соодветно на тоа, административните граници не се вечни, а уште помалку „свештени“.

Строгоста во тонот на проповедите на митрополит Иларион не се должи само на кризата во односите со Вселенската патријаршија и со неопходноста од сплотување на руските верници околу официјалната црковна политика. Многумина сметаат дека раководителот на Одделот за надворешно-црковни врски е одговорен за крахот на политиката на Московската патријаршија во Украина, како и за изолацијата на Руската црква на меѓународен план. Ккао причина се наведува авторитарниот стил на неговото управување, како и неговата визија за руските црковни структури зад границата, кои треба да бидат „црковни амбасади“, кои ги опслужуваат политичките и економските интереси на Русија.

Овој свој стил на управување и погледи митрополитот Иларион го разоткри уште во почетокот на својата дипломатска кариера во црковните средини, како епископ на знаменитата Сурошка епархија. Резултат на неговата кратка кариера во Англија е распадот на епархијата изградена од митрополит Антониј Сурошки, за која познатиот руски духовник со болка го изобличува. Еве дел од тоа писмо:

„Уште од првиот ден на твоето доаѓање ти ми ја кажа фразата што многу ме збуни: ‘Кога при хиротонијата ги положија рацете врз мене, јас почувствува дека сега сум архиереј и дека имам власт’. Тоа ме ужасна, зашто преку целиот живот верував дека ние сме повикани да служиме, а не да владееме. Ти обрнав внимание на тоа, но очигледно без резултат: од првиот ден на твоето пристигање во нашата средина, ти со твојот авторитарен однос дотолку го настрои против себе целото лондонско свештенство, што ме замолија да организирам средба помеѓу нас, на која тие би можеле да ти опишат што мислат и чувствуваат…“

Извор и коментар на изјавата: Двери.бг

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *