Почетна Проповеди Иконата сведоштво за вековното постоење на црквата
Иконата сведоштво за вековното постоење на црквата

Иконата сведоштво за вековното постоење на црквата

310
0

Митрополит Тимотеј, на 24. 12. 2017 година храм „Св. вмч. Георгиј” – Струга

Денеска, во овој неделен ден, ја отслуживме оваа света Литургија, кога нашата света Црква ги прославува светите праотци. Но, повод да се собереме во вака поголем број е и одбележувањето на еден редок јубилеј. Тој јубилеј е седум и пол векови од настанувањето на иконата на св. вмч. Георгиј, од 1267 година до 2017 година, на патронот и заштитникот на црквата, а и на градот Струга.

Оваа икона припаѓа на групата најстари икони во Р. Македонија, и поседува особено културно – историско значење и високи стилско – ликовни уметнички особености. Иконата на св. вмч. Георгиј е насликана во Струга, од зографот Јован, кој потекнувал источно од Кавала. Ктитор на истата бил рефендарот на Охридската архиепископија, кој исто така се викал Јован. Овие основни податоци се наоѓаат во записот на задната страна на иконата. Овој запис е читан од двајца историчари на уметност, односно, од Фрањо Баришиќ и Гојко Суботиќ, но ѝ претстои и прочитување и од македонски специјалист, коешто прочитување, се надеваме дека, во најскоро време ќе биде и публикувано.

Оваа икона е откриена во 1950 година, и најпрво е презентирана на Византолошкиот конгрес во Охрид 1961 година. Од тогаш, иконата е влезена во сите значајни каталози, на најубавите дела на иконопис од Македонија од XIII век. Оваа икона е сведоштво за вековното опстојување на црквата св. Георгиј, како духовно и црковно средиште на Струга. Таа, исто така, е сведоштво на опстојувањето на македонскиот народ на овие простори и скоро милениумското присуство на Охридската архиепископија, под чија заштита и закрила, бил укрепуван нашиот народ. Иконата, исто така, зборува за нашите предци, за односот кон Црквата и кон верата, за чувањето и негувањето на нашата традиција и култура. Преку оваа икона се заклучува дека постоела постара црква на овој простор, но, не можеме да тврдиме за нејзините димензии, а денешната, пак, е подигната во XIX век, во 1835 година, со голем труд и пожртвуваност на струшките првенци. Црквата е украсена со прекрасен иконостас, изработен според мијачката копаничарска традиција, во 1847 година, а престолните и празничните икони се од 1849/50 година. Црквата е фрескоживописана во 1874 година од тајфата на браќата Макариеви од Галичник. За ова ремек дело, очекуваме и се надеваме дека во најскоро време покомпетентни и еминентни научни од оваа област, да дадат повеќе расветлувања и презентација пред културната македонска и светска јавност.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *