Почетна Верски буквар Иконата што го исплаши Сталин
Иконата што го исплаши Сталин

Иконата што го исплаши Сталин

772
0

Многу често се мисли дека сите знаци и чуда се случиле во минатото, но уште почесто се заборава дека тие се случуваат цело време, само треба да се пристапи кон Бога со молитва. Така вели Црквата.

Различни знаци и слики во историјата го плашеле населението и верниците, особено при заканата од војна. Понекогаш овој страв им ги отвора срцата за Бог и на најжестоките владетели. Ова се случува во историјата, бидејќи даден народ има потреба од утеха, пред најавената опасност. Се случува во одговор на верата и надежта, се случува во доказ за Божјата Промисла.

Една таква приказна е поврзана и со големиот комунистички владетел Јосиф Висарионович, Џугашвили – Сталин. Да! Таа приказна се раскажува вака:

stalin 2Во јуни 1941 година, Патријархот на Антиохија Александар III ги повикал сите христијани во светот да и помогнат на потпаднатата во неволја Русија, подложена на нападите на нацистите.

Митрополит Илија, митрополит во Либан, кој уште додека беше жив бил сметан за светец, го слушнал повикот на радио, по што се дал на молитва. Тој се молел Св. Богородица да му даде совет како може да и помогне на далечната христијанска земја која никогаш не ја беше посетил.

kazanska ikona 3Поминале неколку дена. И ете, одеднаш во темната пештера, каде се молел, настапило светло како во јасен ден. Му се појавила Богородица и му дала насоки, како најтешка била до властите во Русија да ги однесе потребните совети. А тие биле:  да се отворат сите православни храмови во земјата, а свештениците да се ослободат од затворите. И уште: треба да се молат на двете Казански икони на Божјата мајка – онаа која била во Москва во Богојавленскиот собор и на другата во Владимирскиот собор во Ленинград. Со втората икона требало да се обиколи градот, за да не влезат Германците во него. И уште. По војната, која задолжително ќе заврши со победа на Русите, Митрополитот од либанските планини треба задолжително да замине за Советскиот Сојуз и да раскаже како точно сето тоа било. Либанскиот митрополит ги исполнил наредбите од Св. Богородица.

Љубопитни се информациите за реакцијата на Сталин на пораката на Божјата мајка. Тој му порачал на својот секретар да му разјасни сè што се однесува на чудотворната икона и конкретно историјата за спасението на Москва. Наскоро му соопштиле дека всушност во 1612 година доброволците на кнез Пожарски влегле во Москва и го ослободила градот од Полјаците, кои се затвориле во Кремљ. Кнезот не сакал да ги исфрли оттаму, плашејќи се дека ќе настрадаат Кремљските храмови. Затоа било одлучено да се обиколи Кремљ со Казанската икона на Богородица. И тоа делувало Полјаците објавиле дека се подготвени да ја напуштат Москва.

stalin rpcСега е тешко можеби да се поверува дека “Вождот на народот” ги примил зборовите на либанската митрополит сериозно. Познати сепак се неколку факти: во Богословскиот собор на опколената престолнина бил отслужен молебен, а по него и литија со изнесување на Казанската икона.

kazanska ikonaИстото се случило и во Питер. Војник, кој бил на стража ја раскажува следнава случка: “Кога еднаш застанав на стража при Боровитската кула, покрај автомобилот поминаа тројца свештеници со бради и крстови, а дури подоцна сфатив зошто. Неколку дена подоцна авионот “Даглас” (произведени под лиценца во СССР под името Ли-2) полета со иконата на Св. Богородица од Казан и трипати прелета околу Москва. Ова беше проследено со поворка покрај тврдините, дали е случајно, или навистина интервенција на виша сила, но веднаш почна нагло заладување и заврна силен снег. ”

Веднаш по победоносното завршување на битката кај Курск, Сталин во Кремљ поканил делегација на Руската Православна Црква.

kazanska ikona 2На 4 септември 1943 година заедно со генералите во кабинетот на Сталин влегуваат и тројца свештенослужители во црковни одежди: Митрополит Сергиј, Митрополит Ленинградски Алексиј и Митрополит Киевски Николај.

Во 1947 година Сталин во Москва го поканил митрополитот Илија. Пред средбата со него, Вождот имал разговор со патријархот на цела Русија Алексеј, чиј запис е зачуван.

rpc ikonaВо чест на Казанската икона на Божјата Мајка Руската Црква утврдила прослави два пати годишно – на 8 јули (21 јули) и 22 октомври (4 ноември).

/ДОБРОТОЉУБИЕ

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *