Почетна Вести Игуменот Партениј со своите монаси на Света Гора
pa 1
pa 2
pa 3
pa 4
pa 5
pa 6
pa 7
pa 8
pa 9
pa 10
pa 11
pa 12
pa 13
pa 14
pa 15
pa 16
pa 17
pa 18
pa 19
pa 20
pa 21
pa 22
pa 23
pa 24
pa 25
pa 26
pa 24
pa 21
pa 23

Игуменот Партениј со своите монаси на Света Гора

2.84K
0

Архимандритот Партениј, игумен на Бигорската Обител, заедно со уште неколк монаси од Бигорскиот манастир биле во посета на Света Гора. Претставнците на МПЦ-ОА имале поклоничко патување во Градината на Пресвета Богородица, а се поклониле на дел од нејзините светињи. Тие ги посетиле манастирите Дохијар, Симонопетра, Григоријат и Ксенофонт.

Отец Партениј и монасите на МПЦ биле на покана од Архимандритот Григориј, кој неодамна и ја подари на Македонија копијата од  чудотворната икона на Пресвета Богородица „Скоропослушница“.

Македонската монашка делегација од Света Гора се врати со нов дар од Игуменот Григориј. Станува збор за парче од моштите на Светиот Новомаченик Јован од Коница, Епир, кој пострадал маченички од Агарјаните на 23 септември 1814 година во Врахори.

-Старецот на Манастирот, Архимандрит г. Григориј, како монашки пророк и учител, кој во монашки живот поминал веќе половина век, со своите беседи непрестајно повикува на подвиг, воздржание и саможртва за Бога. На негова покана, всушност, нашиот игумен и браќата овој пат ја посетија Света Гора. Старец Григориј е игуменот што великодушно ѝ ја подари на нашата Татковина копијата на чудотворната икона на Пресвета Богородица „Скоропослушница“. И сега тој повторно нè збогати со братољубие, дарувајќи за Свештената Бигорска Обител парче од моштите на Светиот Новомаченик Јован од Коница, Епир, кој пострадал маченички од Агарјаните на 23 септември 1814 година во Врахори.

-Од необично убавото почивалиште на бестелесните Божји служители, нашето монашко поклоничко друштво се упати кон Манастирот Симонопетра, посветен на Рождеството Христово. Несфатливо градежно ремек-дело! Изградено, се разбира, од човечка рака, но повеќе од очигледно – во содејство со врховниот Градител и Творец. Божјо чудо е негово настанување на непристапна карпа. И доволен е само еден поглед, за самата неговата појава да ја возвиши душата до Божествените висини. Но она што е уште почудесно од градбата е духовната аристократија и монашкото достоинство на браќата што живеат таму. Несомнено, евангелското воспитание и истанчената подвижничка префинетост на Старец Емилијан Метеоритски и Симонопетриски, што повеќе од верно ги продолжува и усовршува неговиот ученик, сегашниот христоносен Старец и игумен, Архимандрит г. Елисеј, владеат во ѕидините на Манастирот. За тоа сведочат и благородните души на нашите големи пријатели: о. Атанасиј – химнографот на Великата Христова Црква, о. Ефрем, о. Јустин и другите наши драги браќа во Христа со кои имавме можност овој пат да разговараме, велат од Бигорскиот Манастир.

Отец Партениј и монасите од Бигорски ја посетиле и Григоријатската Обител, за која велат дека  „е факелот кој го разгоре огнот на светогорското монаштво и во нашата Татковина, зашто токму оттаму произлегоа нашите отци возобновители на општежитието кај нас: Митрополитот Струмички г. Наум, Епископот Хераклејски и игумен на Зрзескиот Манастир г. Климент и нашиот Старец, Архимандрит г. Партениј.“

-Најзаслужен, пак, за тоа рамноапостолно дело е блаженоупокоениот Старец Георгиј Капсанис, претходниот игумен на Манастирот – христодушен монах со големо евангелско благородство, вистински татко на Црквата и прав визионер за нејзината иднина. Неговите синови во монаштвото со љубов се сеќаваат за широкоградоста и љубовта што тој ја имаше. Еден од нив е и сегашниот игумен, тивкиот и кроток молитвеник, Старец Христофор, велат од Бигорскиот манастир.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *