Почетна Вести Игуменот на зилотите на Света Гора доби 20 години затвор
Игуменот на зилотите на Света Гора доби 20 години затвор

Игуменот на зилотите на Света Гора доби 20 години затвор

909
0

Судот во Солун го осуди на 20 години затвор игуменот на зилотското монашко братство на манастирот Есфигмен архимандритот Методиј. 20 години затвор добил и еден од монасите. Тие се прогласени за виновни за поттикнување и фрлање молотови коктели од прозорците на манастирот против државни функционери во 2013 година.

ziloti 1Пресудата подлежи на итно спроведување, соопштува грчкиот сајт Orthodoxia.info. Другите девет обвинети добиле 10 години и 4 месеци, но привремено се на слобода до втростепена одлука за случајот.

Вкупно 11 лица, од кои осум монаси, беа судени за тоа дека во 2013 година со молотови “коктели” од манастирот нападнаа судски извршители и монаси од т.н.. ново братство на Есфигмен, за да не им дозволат да влезат во конакот на манастирот Кареја. Во случајот сведочеа 28 лица, меѓу кои и игуменот на канонското есфигменско братство архимандритот Вартоломеј.

Во 2002 година, Света Гора одлучи да бидат отстранети зилотите од манастирот кој го претворија во своја тврдина во последните 40 години. Неколку години подоцна беше формирано и ново, канонско есфигменско братство, но  досега тоа не може да влезе во манастирот.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *