Почетна Интервју Игуменот ГАВРИЛ: Да се обединиме и заедно да ја градиме македонската црква во Австралија
Игуменот ГАВРИЛ: Да се обединиме и заедно да ја градиме македонската црква во Австралија

Игуменот ГАВРИЛ: Да се обединиме и заедно да ја градиме македонската црква во Австралија

1.37K
0

Првиот игумен и еден од најпочитуваните монаси на МПЦ во Австралија, отец Гаврил повикува на целосно обединување на Македонците на австралискиот континент под заедништво на Македонската православна црква. Регистрирањето на втората епархија на МПЦ во Австралија под административна управа на Владиката Тимотеј е последниот чекор кој дава надеж дека треба да се надминат долгогодишните поделби и да се тргне по патот на целосно обединување, вели игуменот Гаврил во интервјуто за македонско-австралискиот неделник, „Тудеј“.

O. GAVRIL 9– Светиот Синод ја донесе одлуката, сега останатото останува на нас овде. Ние треба да се надминеме себеси, да си простиме и подадеме рака. Да ги оставиме зад нас сите несогласувања и заеднички да живееме и твориме, вели за „Тудеј“, отец Гаврил.

Тој смета дека сега се одлучувачки историски моменти за МПЦ во Австралија, особено што сега е период на промена на генерации, како што вели отец Гаврил „кога настанува (се раѓа) четвртата генерација на Македонци во Австралија“.

O. GAVRIL 7-До сега, преку најстарите, бабите и дедовците, успеавме да ја продолжиме нашата Православна и македонска традиција. Сега пак, кога полека тие заминуваат, нема кој да ги учи и да им зборува на децата на македонски. Затоа велам дека треба да покажеме најмногу доблест и да се надминеме покажувајќи повеќе смирение, трпение и разум и да бидеме повторно заедно во Црквата, а Црквата е таа која не одржала со векови, па и нас сега ќе не одржи тука, вели во интервјуто Ихуменот.

Отец Гаврил смеат дека црковниот живот на Македонците во Австралија е особено значаен за нив. Токму затоа потенцира дека иднината на МПЦ во Австралија треба да ја градат луѓе од тамошните простори, а црквата да успее да ги создава таму своите кадри и како монаси и како свештеници.

-Во мојот десетгодишен активен живот во Црквата и македонската заедница во Австралија научив многу. Тоа ми помага да создадам една слика за се што се случувало, па да се осмелам да кажам, и за она што може да се случи во иднина во нашата заедница. Можам да кажам дека нашиот народ е вреден и благочестив, добар народ кој создал и допринел многу во Австралија, не само во изградба на нашите многубројни храмови туку и во целокупниот општествен и верски живот во Австралија.

За жал, вечниот непријател на човекот, ѓаволот, успевал во многу нешта, па и ги помести од своето вистинско место нашите меѓусебни човечки односи, а како резултат на тоа створени се поделби, судови, нетрпеливост, па дури и омраза, што допринесува до препрека за да напредуваме уште повеќе. Јас мислам дека е момент да ги надминеме тие времиња, а со повеќе верба во Господа. Да ги обновиме разрушените мостови, да ги надминеме нашите недоразбирања и да си подадеме рака. Да не си одиме еден против друг, туку еден со друг да работиме за наше заедничко добро. Нема потреба од поделби и омраза. Еден народ сме, еден јазик зборуваме, во еден Бог веруваме и како што често знам да кажам, една е Македонија од која потекнуваме, вели Отец Гаврил во интервјуто за неделникот „Тудеј“ во Австралија

Стојам зад тоа дека на сите што допринеле во изградбата и организирањето на храмовите и црковниот живот треба да им се даде достојно признание. Сум слушал дека луѓето си ги заложувале своите сопствени куќи, ја донирале скоро сета своја заработувачка во изградбата на храмовите, работеле волонтерски, се бореле со оние кои го попречувале организирањето и признавањето на МПЦ и Македонскиот народ и слично. Едноставно, кој колку и со што можел, искрено и сесрдно и помагал на Црквата. Сведок сум дека и во денешно време има такви благочестиви христијани, Македонци, кои се вложуваат и од се срце и помагаат на Црквата. Искрено се надевам дека и во иднина ќе има такви верници и ќе постигнуваме уште повеќе и поголеми успеси, во изградна на нови црковни храмови, центри, сали, оганизирање на нови Црковни Општини, друштва, организации и достојно ќе ја сведочиме нашата света православна вера и ќе ја промовираме нашата Македонија.

Јас верувам во тоа, му се молам на Бог, и искрено се надевам дека, со Господ напред, ќе успееме!

(во продолжение целосното интервју на Игуменот Гаврил за „Тудеј“)

O. GAVRIL 1O SLIKAТУДЕЈ: Отец Гаврил, ќе сакате ли да ни  раскажете како  се  определивте  за  својата  верска  мисија?

О.ГАВРИЛ: Ја сакам мојата земја и мојот народ и ќе се чувствувам благодарно ако успеам да му послужам некако и да допринесам за неговото добро и доброто на човештвото. Како секој млад човек во своето време, кој се бара и испитува каде ќе се пронајде, така и јас барав и испитував каде припаѓам и каде се пронаоѓам себе си. Но Господ промислил за мене тоа да е Црквата. Кога почнав да осознавам за Бога, а особено за монаштвото, тогаш сфатив дека тоа е моето место, тоа е за мене.

Некаде при крајот на 1996 година, во манастирот Водоча, една вечер, мојот духовник ме повика да присуствувам на еден синаксис на отците монаси. На тој синаксис (собир и разговор за Бог) се зборуваше за подвигот за очистувањето од страстите и отворањето на срцето за Бога, за непрестајната умносрдечна молитва и служењето на Бог.

Кога ги слушнав зборовите: “Ние не треба да се занимаваме да откриваме кој е крив, а кој прав. Тоа е работа на световното право, ние треба да ја бараме Божјата правда. Како реагирало моето срце во времето на искушението? Дали духовно се помрачив? Дали мојата љубов оладила кон оној што ме повредил? Дали сум се разгневил? Дали му вратив со лоша помисла, збор дело..?” Тогаш, како да ми се отвори небото и си реков: Ова е големото поле за работа на мене лично како и огромно пространство на истражување. Ова е бескрајност. Овде, колку и да напредуваш се уште си на почетокот и имаш уште многу пред себе. Тука ја насетив за прв пат слободата. Тука на миг го видов совршенството… Во тој момент Бог ми помогна да сфатам дека тоа е она по што целиот свој живот копнеев и го барав. Всушност Него, Единсвениот Kој ни треба – Господ.

А тоа што сум тука, тоа е чисто Божја промисла. Паметам еднаш на исповед кај мојот духовен Отец, му раскажав како имам желба да одам на мисија во Африка, а тој ми рече: “Ако сакаш мисија, и нашиот народ има потреба од мисија.” Не помислив тогаш дека еден ден зборовите на мојот духовен Отец ќе се остварат и дека ќе ме испрати овде во Австралија. Ја сакам оваа земја, го сакам нашиот народ овде и сакам да му служам. Јас знам дека нашиот народ е добар, и жеден како секој еден од нас за малку добро. А тој мој народ секогаш ќе ти врати со многу повеќе добра.

ТУДЕЈ: Во кои манастири досега сте служеле?

О.ГАВРИЛ: Заради потребите на МПЦ – ОА имам служено во повеќе манастири во Македонија  и овде во Австралија. Впрочем, јас и како и повеќемината мои браќа и сестри сме од генерацијата која го доживеа преминот од старо во ново, во многу нешта во општеството, па и во обновата на Црквата и монаштвото. Со доаѓањето на тогашниот светогорски монах, денешен Митрополит Струмички г. Наум, се обнови и монаштвото во МПЦ – ОА. Со негов благослов и духовно раководство се замонашив во манастирот Покров на Пресвета Богородица, кој тогаш се викаше св. Леонтиј, во Водоча.

O. GAVRIL 1Уште како искушеник, и подоцна како млад монах, бев испратен да учествувам во подигањето на монашкиот живот во манастирот на св. Арх. Михаил во Варош – Прилеп и во Лесновскиот манастир, кога во него се пресели Јеромонахот Иларион, денешен Митрополит Брегалнички.

Кога во еден период капацитетот во манастирот Водоча се потполни и немаше доволно соби за сите нас, дел од братството, на чело со Игуменот Пимен, денес Европски Митроплит, заминавме да живееме во Струмица во манастирот св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици, каде подоцна бев и произведен во Игумен. Додека живеев во овој манастир и подоцна откако повторно се вративме во Водоча, во рок од 3 години секојдневно служев во манстирот св. Богородица Елеуса во Вељуса.

На 1 Септември 1998 година, беше основан монашки живот во манстирот св. Никола во с. Љубанци на Скопска Црна Гора и таму бев испратен и привремено служев, како и во другиот женски манастир во Скопската Епархија, манастирот Успение на Пресвета Богородица во Матка.

Потоа се изгради и основа и манстирот св. Климент и св. Наум Охридски во Хамзали, а по него и манстирот св. Антониј во Струмичко Ново Село, кој и ми беше мој последен манастир во Македонија.

Во 2006 бев повикан да го основам манашкиот живот, овде во Австралија. Во манстирот на св. Прохор Пчински живеев десет години. Откако Владиката Петар го претвори во женски манастир, ние бевме премесени во манстирот св. Наум во Роклин, за денес со Божји благослов, да се преселам во најстариот манстир во Дијаспората, манастирот св. Климент Охридски во Кинг Лејк.

O. GAVRIL 8Сега служам во црквата Успение на Пресвета Богородица на 340 Sydenham rd, Sydenham заедно со протојереј ставрофор o. Ефтим Бетински. Овде се чувствувам среќно и исполнето. Искренo им благодарам на луѓето што не примија и направија да се чувствуваме како дома при свои.

Кога денeс би ме прашале, кој ти е омилен манастир и од кој манастир ги носиш најубавите впечатоци, тешко е да одвојам некој, затоа што сите се убави на свој посебен начин и секаде доживеав прекрасни моменти. Меѓутоа, сепак себеси се сметам за “Водочанец” и би го издвоил мојот прв манастир, каде и бев замонашен и го дадов своето ветување дека ќе му служам на Бог. А интересно е дека овде, кога во разговор ќе помислам на Донибрук, честопати спонтано ќе речам “Водоча”. Она што беше ми значеше Водоча во Македонија, тоа е Донибрук во Австралија.

ТУДЕЈ: Извршивте силна афирмација на монашкиот живот во  Австралија  за  што добивте  и  признаниe од Премиерот на оваа земја. Колку манастири има МПЦ-ОА во  Австралија  и  како  се организирани тие?

О.ГАВРИЛ: По некоја Божја промисла јас сум првиот монах на МПЦ – ОА во Австралија, a манастирот на св. Прохор Пчински прв жив манастир на МПЦ – ОА во Дијаспората, што значи дека нашиот народ овде немаше никакво познавање за монаштвото и во нашите манастири немаше соодветни услови за нормално функционирање на монашки живот во нив. Тоа ми беше благословот (воедно и крстот) – да ги организирам. Со Божја помош и колку што можев, се трудев, пред се со пример да ги учам луѓето. Нашиот народ е побожен народ и монахољубив. Многу брзо научи што е монаштвото и како треба да  функционира еден манастир. Луѓето што доаѓаа во манастирот во Донибрук тоа го препознаваа и го почитуваа тоа.

Живеејќи во овдешните услови и околности сфатив дека за да се формира еден вистински манастир според сите критериумите и правилата на монашкиот типик треба да помине време, односно да се создадат соодветни услови за тоа. Затоа, моето внимание го  насочив  најнапред да ги научам луѓето, посебно младите, како да создадат навика да одат на Црква, да го засакаат православниот светоатински начин на живот со пост, молитва, исповед, причест, да се оградуваат од светот и да се чуваат од гревот. Со време во манастирот свети Прохор Пчински  се создаде една заедница, една фамилија во која духовно се раѓаат децата, растат и  се  воспитуваат во тој светостаинско-литургиски и аскетско-исихастички начин на живот, за утре, кога тие ќе станат доволно возрасни, од нив да произлезат идните монаси, свештеници и епископи на нашата света МПЦ. На тој начин тие стануваат темел на Црквата, а Црквата застанува на здрави основи.

Сметам дека за мисијата на Црквата правилно и најефикасно да дејствува треба  идните  мисионери да потекнуваат од овие простори затоа што тие најдобро ќе го знаат менталитетот на ова општество и времето во кое што живеат и најдобро ќе можат да ги сфатат и да им помогнат на оние кои ќе им пријдат за помош.

O. GAVRILПокрај манастирот на св. Прохор Пчински во Донибрук, кој е сега женски манастир, во Викторија има уште два манастири, Првиот македонски манастир во Кинг Лејки, посветен на св. Климент Охридски и манастирот посветен на св. Наум Охридски како машки манастир.

МПЦ – ОА има уште еден манастир кој се наоѓа во НЈВ, манстирот на св. Петка во Илавара, во кого се планира да се организира женско монаштво.

ТУДЕЈ:Внесовте нови односи меѓу нашите манастири овде и  нашите  верници  кои  почнаа  масовно  да ви пристапуваат. Како ги замислувате тие релации во иднина?

О.ГАВРИЛ: Уште кога бев студент на Теологија сфатив дека на денешниот човек му недостасува љубов. Посебно на овие простори, каде се живее во бесчувствителниот и суров натпревар за стекнување на овоземен капитал, студенило во односите и голема индивидуалност, а со тоа и осаменост, недостаток на љубов. Изморениот човек на денешницата има потреба од некој да му ја покаже таа љубов, посебно на нашиот народ кој е како едно пресадено дрво и се бори да се привикне на новата почва и да преживее. Борбата е тешка и со големи ризици. Ако ние, како свештени лица, и служители Божји не ја сведочиме таа љубов Божја, тогаш сме го промашиле нашот позив, а да не кажам и нешто потажно – сме го промашиле и нашиот живот.

Во нашите манастири ние се учевме да љубиме, да простуваме, да се смируваме еден пред друг и да се почитуваме. Да го љубиме најпрво Бог, а потоа и својот ближен како самите себе си. Да љубиме и да му служиме на другиот. Искреноста е најбитниот фактор за воспоставување на здрави и добри меѓучовечки односи. Така се стекнува и довербата и луѓето тоа го препознаваат и со иста мера возвраќаат. Тука дејствува и благодатта Божја која ги привлекува и собира луѓето и благословот Божји кој го запечатува и чува тоа во Црквата.

Мислам дека на ова треба да обрнеме внимание и да поработиме малку на него, а другото,  само ќе си дојде.

ТУДЕЈ: Дали сега, по официјализацијата на двете македонски епархии во Австралија,  очекувате да се елиминираат недоразбирањата и да отпочне ера на соработка и соживот?

О.ГАВРИЛ: За тоа, колку беше потребно во моментот да се регистрира и друга Епархија на МПЦ – ОА во Австралија, зборува и фактот дека одлуката е донесена со едногласна согласност на сите Архиереи. Со регистрирањето и на Австралиско – Сиднејската Епархијата се овозможува конечно да се надминат долгогодишните подeлби и несогласувања во Црквата во Австралија, со тоа што сега ќе имаме две канонски епархии под покровот на МПЦ- ОА.

Светиот Синод ја донесе одлуката, сега останатото останува на нас овде. Ние треба да се надминеме себеси, да си простиме и подадеме рака. Да ги оставиме зад нас сите  несогласувања и заеднички да живееме и твориме.

O. GAVRIL 3Јас мислам дека сега се одлучувачки историски моменти за нашата Црква во Австралија. Сега е период на промена на генерации кога настанува (се раѓа) четвртата генерација на Македонци во Австралија. До сега, преку најстарите, бабите и дедовците, успеавме да ја продолжиме нашата Православна и македонска традиција. Сега пак, кога полека тие заминуваат, нема кој да ги учи и да им зборува на децата на македонски. Затоа велам дека треба да покажеме најмногу доблест и да се надминеме покажувајќи повеќе смирение, трпение и разум и да бидеме повторно заедно во Црквата, а Црквата е таа која не одржала со векови, па и нас сега ќе не одржи тука.

ТУДЕЈ: Според вас можно ли е скорешно прифаќање на МПЦ во  семејството  на  православните национални цркви?

О.ГАВРИЛ: Моето размислување за ова прашање е дека ние, пред се, треба да се трудиме на Бога да му угодиме за Бог да не признае. Административното прифаќање на МПЦ – ОА е само формалност и тоа еден ден ќе дојде. Денешнот наш (на Православните) најголем непријател е национализмот. Кога нацијата ќе ја изедначиме со Црквата, па дури и ќе ја понизиме Црквата за сметка на нацијата, се раѓаат поделбите и недоразбирањата. Се додека постојат такви поединци во некој сестрински Цркви, нашето признавање и прифаќање ќе оди тешко.

Кога се крштеваме, стануваме христијани, членови на Црквата. Не се крштеваме во името на нацијата, туку во името на Бог, а  тоа што сме родени како Македонци, не е пречка да бидеме примени во соборот на другите Цркви.

O. GAVRIL 5Нашата МПЦ- ОА е потполна Црква во се’. Има свој Синод, (собор на Епископи), православно свештенство, преподобно монаштво и верен народ.  Служиме света Литургија и се причестуваме, исповедаме православна вера, а се друго е човечки фактор и тоа не може да биде пречка за заедница со Бога.

На прашањето кога ќе добиеме и административно признавање зависи од тоа, во колку  побргу  другите помесни Православни Цркви ќе ја сфатат опасноста што не држат во изолација, која на никој не му е од корист.

ТУДЕЈ: Колку добро го запознавте повеќеслојниот верски живот во  Австралија и како го  оценувате  успехот на македонските верници кои во текот на половина век  изградија и  осветија  импресивен број свои храмови?

О.ГАВРИЛ: Да речам дека потполно го запознав, како што го нарековте,  “повеќеслојниот  верски живот во Австралија” не можам, но ќе речам дека го запознав доволно. Во мојот десетгодишен активен живот во Црквата и македонската заедница во Австралија научив многу. Тоа ми помага да создадам една слика за се што се случувало, па да се осмелам да кажам, и за она што може да се случи во иднина во нашата заедница.

Можам да кажам дека нашиот народ е вреден и благочестив, добар народ кој создал и допринел многу во Австралија, не само во изградба на нашите многубројни храмови туку и во целокупниот општествен и верски живот во Австралија.

За жал, вечниот непријател на човекот, ѓаволот, успевал во многу нешта, па и ги помести од своето вистинско место нашите меѓусебни човечки односи, а како резултат на тоа створени се поделби, судови, нетрпеливост, па дури и омраза, што допринесува до препрека за да напредуваме уште повеќе. Јас мислам дека е момент да ги надминеме тие времиња, а со повеќе верба во Господа. Да ги обновиме разрушените мостови, да ги надминеме нашите недоразбирања и да си подадеме рака. Да не си одиме еден против друг, туку еден со друг да работиме за наше заедничко добро. Нема потреба од поделби и омраза. Еден народ сме, еден јазик зборуваме, во еден Бог веруваме и како што често знам да кажам, една е Македонија од која потекнуваме.

O. GAVRIL 2Стојам зад тоа дека на сите што допринеле во изградбата и организирањето на храмовите и црковниот живот треба да им се даде достојно признание. Сум слушал дека луѓето си ги заложувале своите сопствени куќи, ја донирале скоро сета своја заработувачка во изградбата на храмовите, работеле волонтерски, се бореле со оние кои го попречувале организирањето и признавањето на МПЦ и Македонскиот народ и слично. Едноставно, кој колку и со што можел, искрено и сесрдно и помагал на Црквата. Сведок сум дека и во денешно време има такви благочестиви христијани, Македонци, кои се вложуваат и од се срце и помагаат на Црквата. Искрено се надевам дека и во иднина ќе има такви верници и ќе постигнуваме уште повеќе и поголеми успеси, во изградна на нови црковни храмови, центри, сали, оганизирање на нови Црковни Општини, друштва, организации и достојно ќе ја сведочиме нашата света православна вера и ќе ја промовираме нашата Македонија.

Јас верувам во тоа, му се молам на Бог, и искрено се надевам дека, со Господ напред, ќе успееме!

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *