Почетна Вести Регион Игуманијата од Св. Прохор Пчински го обвини Пахомије и го напушти манастирот
Игуманијата од Св. Прохор Пчински го обвини Пахомије и го напушти манастирот

Игуманијата од Св. Прохор Пчински го обвини Пахомије и го напушти манастирот

347
0

Нов скандал ја тресе Српската Православна Црква. Српски Курир објавува дека Игуманијата на манастирот Свети Прохор Пчински, Стефанида го напуштила манастирот и заедно се целото сестринство ја напуштила и Врањската епархија, со која раководи Владиката Пахомије.

Српски Курир пишува дека монахињата била разочарана и понижена од сознанието дека надлежниот владика не наменски трошел пари кои биле за обнова на манастирот и тоа користејќи ја токму игуманијата.

Во текстот весникот пренесува и изјава на Стефанида во која таа споменува сума од околу 300.000 евра.

-Се сум им кажала в лице. Им кажав дека лажат, крадат и тоа се со мој потпис, изјавила Игуманијата за српските медиуми.

Во текстот е цитиран и  извор од Врањската епархија, кој потврдил дека Стафанида била присилена да владиката да му потпишува бланко чекови преку кои биле извлекувани манастирски пари.

Од друга страна пак, од канцеларијата на епархијата демантираат дека такво нешто се случувало, објаснувајќи дека сите средства во епархијата се трошат во согласност со планираниот буџет, кој го одобрува Епископскиот Управен Одбор.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *