Почетна Вести Ислам Ифтарска вечер во училиште во Радовиш

Ифтарска вечер во училиште во Радовиш

179
0

Ифтарска вечера за учениците во училиштето Крсте Петков Мисирков во Радовиш. Кусата видео снимка којашто денеска се појави на каналот Јутуб прикажува стотина деца седнати на ученички клупи во холот на училиштето, со храна пред нив, додека оџаа пее на микрофон.

Директорката на училиштето Крсте Петков Мисирков не беше достапна за коментар, зошто дозволила верски обреди во објектот на училиштето. Од општина Радовиш велат дека се затечени од случајот и упатија за повеќе информации кај просветниот инспекторат.

Државниот просветен инспекторат потврди дека се запознаени и веднаш испратиле инспекции да се испита целиот настан.

Видео снимката којашто трае нешто повеќе од една минута предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. Граѓаните бараат децата да не се злоупотребуваат за политички и верски цели.

Ова не е прв случај со деца вклучени во верски обреди. Силни реакции имаше и во јануари годинава кога деца од училиштата беа ангажирани да пеат бадникарски песни во општинските згради и по улиците.

/Телма

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *