Почетна Вера Ифтар вечерите на ВМРО-ДПМНЕ стануваат традиција
Ифтар вечерите на ВМРО-ДПМНЕ стануваат традиција

Ифтар вечерите на ВМРО-ДПМНЕ стануваат традиција

55
0

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ речиси секоја вечер на разни места во државата организира ифтар вечера во пресрет на големиот муслимански празник Рамазан. На вечерите присуствуваат, членови и симпатизери на партијата од муслиманска вероисповест, но и верници муслимани.

iftar koceПред вчерашната ифтар вечера во Велес, на која присуствувале Премиерот Емил Димитриев, пратеникот Илија Димовски и градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев, ифтар организирал и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

Два дена претходно ифтар вечера организираше и лидерот на партијата Никола Груевски.

iftar koce 4Организирањето ифтар вечери, преминува во традиција за оваа партија и таа е единствената од македонскиот блок, која тоа го практикува.

gruevki iftar-Ние веќе го направивме ова еден вид традиција, трета година по ред. Секоја година во периодот кога е овој муслимански празник организираме барем по една ифтар вечера. Сакам на сите што сте од муслиманска вероисповед да ви го честитам празникот, да ви посакам многу здравје, здравје и во вашите семејства, на вашите најблиски, да ви посакам хармонија, мир во душата, успеси, среќа и радост во вашите семејства и во вашето опкружување и да се радуваме заедно на наредната победа на изборите, изјави Груевски на ифтар вечерата.

Муслиманите и Албанци и Бошњаците и Турци, но и Македонците муслимани овој потег го оценуваат како пример кој треба да го следат и другите партии.

iftar koce 3-Ова е добар настан кој го организира партијата. Луѓето кои што се членови на ВМРО-ДПМНЕ, се задоволни од тој чин. Исто така и добронамерно е направено кои покажуваат дека не ги заборават луѓето, дека зад нив има партија кои се грижи за нив и нивните интереси, изјавил за „Курир„ Али Шериф Синани.

-Мислам дека ова е полн погодок. Вакви средби се добредојдени за соработка, да се видиме меѓутоа значи и почит кон Македонците со муслиманска вероисповед, потенцирал Туркан Љукановци, претседател на Горанското друштво во Македонија.

Ова велат, Македонците муслимани, Албанците и останати етникуми, потврдува дека обвинувањата дека ВМРО-ДПМНЕ е националистичка партија, се предрасуди и стереотипи кои на овој начин се побиваат.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *