И врти ли УПЦ грб на Москва?

Date:

Share post:

Епископи на УПЦ: Нашата Црква е независна, Москва да го почитува територијалниот интегритет на Украина

Едена важен развој во односите меѓу Украинската Православна Црква и Московската Патријаршија се случи попладнето во четвртокот.

Поточно, повеќе епископи на Украинската Православна Црква (УПЦ) силно реагираа на одлуките што минатата недела ги донесе Синодот на Руската Православна Црква во врска со епархии на УПЦ што се наоѓаат под руска окупација.

На 24 октомври, Синодот на Руската Црква одлучи да го отстрани митрополитот на Доњецк и Мариупол г. Иларион од управувањето на таа епархија на УПЦ.

Претходно, на сличен начин, беа отстранети и митрополити на УПЦ во други – исто така окупирани – региони на Украина. Преку објави на социјалните мрежи, неколку епископи на Украинската Православна Црква – според информации на orthodoxtimes.gr, по иницијатива на митрополитот на Одеса, г. Агатангел – ги осудија овие постапки на Руската Црква, кои, според нив, „биле донесени еднострано, без никаква претходна согласност со Украинската Православна Црква, која е канонски независна согласно Томосот на патријархот Алексиј од 27 октомври 1990 година, и по одлука на Светиот Синод на Украинската Православна Црква од 27 мај 2022 година“.

Во соопштение објавено на личните профили на социјалните мрежи на епископи од Украинската Православна Црква (УПЦ), се истакнува дека: „Ние, епископите на Украинската Православна Црква, остро ја осудуваме оваа одлука, која е неканонска, бидејќи црковниот закон ги регулира канонските односи меѓу Православните Цркви.“

Соопштението продолжува: „Вториот канон на Вториот Вселенски Собор ја нагласува потребата од почитување на границите на јурисдикцијата, предупредувајќи на секој обид на една Црква да преземе контрола врз територијата на друга.

Осмиот канон на Третиот Вселенски Собор изречно забранува на секој епископ да се меша во јурисдикцијата на друг епископ. Дополнително, оваа одлука има за цел да ја поткопа независноста на Украина и самото постоење на Украинската Православна Црква во тешките услови на воени операции на територијата на Украина.“

„Исто така,“ продолжува соопштението на епископите, „неканонската одлука за отстранување на митрополитот Иларион, кој е Украинец по потекло, од Митрополијата на Доњецк и назначувањето на руски епископ на негово место, ја покажува желбата на Москва да го присвои канонското подрачје на Украинската Православна Црква, со цел да ја уништи нејзината автономија и независност.“

Епископите на УПЦ на крајот завршуваат со изјавата: „Не се согласуваме со оваа одлука, бараме нејзино итно поништување, бараме напуштање на агресивната црковна политика кон Украинската Православна Црква и нејзиното страдално стадо, како и почитување на границите на Украинската Православна Црква, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.“

2 COMMENTS

  1. ‘Автономија’, ‘независност’ итн. се пред и над се’ реални духовни категории, со конкретни показатели на квалитет на откровение, на благодатни дарови, духовна власт – реална богосличност која не се мери ниту може да се спроведе преку мртви правила (канони за воспоставување на правен, човечки поредок во Божествениот организам на Живата Црква) или со некое читање на словото на слепо. ‘Територијален интегритет’ на една ‘држава’ не е некоја празна флоскула со која се изразува стравот од сите последици, од сиот хаос на неговото губење – ‘државата’ по суштина е она духовно јадро чија центрипетална сила на љубовта, мудроста, правдољубивоста, милоста итн. ги држи сите нејзини елементи и творечки напори на потребните рамништа, со есенцијалната содржина на нивната предназначеност барем на минималната егзистенцијална висина со која тие не излегуваат од нивните конкретни, богопоставени (или духовно освоени) орбити на бивствување, зашто во таков случај ќе земат патеки кои ќе го уништат токму тоа јадро, значи таа држава. Како што на пример крајот на ектениите од литургијата на црковнословенски вели “Яко Твоя держава и Твое есть Царство, и сила и слава Отца и Сына и Святаго Духа, ныне и присно и во веки веков”, ‘државата’ е рефлексија на седржителските енергии Божји во овој свет. Атрофијата на нејзината богосличност кореспондира со нејзиниот раслабен седржителски комплекс на сили. Ако зборуваме на духовен начин, ќе кажеме дека никој кој не го научил основното духовно правило ‘јас сум крив за се’ ‘ не може духовно да расте. На попрофан начин кажано: никој нема други непријатели освен самиот себеси. Сите евентуални чинители со кои се соочува како со пречка на својот сеедно каков пат се само поттикнувачи на неговиот развој, само коректори на неговата поставеност, восовршувачи на неговата состојба, ако успее да ги согледа во вистинската светлина (која од човечки аспект е средба на човековото покајание со Божјата милост и сепростливо просветлување). И никој кој не е подготвен да го прифати соодносот на својата автентична духовна сила (величина, раст, како сакате) со величината, силата и растот на поголемиот, попросветлениот (во очите Божји) од себеси, не може да посакува или да се надева на ништо друго освен на обновена светлина на умот и срцето во која ќе може да му се радува на големиот дар на својот соподвижник без оглед на далечините, границите, болката и искушенијата. Што се однесува до државноста, Украина денес не е просто на патериците од колективниот Запад, туку во неговата инвалидска количка. Како да ја чува својата територија! Отците на Украинската Православна Црква претрпеа многу и во светлината на нивната досегашна многустрадална жртва ќе ја пронајдат и смислата на оваа татковска одлука на Московскиот Патријарх како длабок и суптилен спасителен двиг. Вистинскиот Пастир се грижи и за спасението на најмалите Христови браќа, не само за можностите на високиот клир, Неговиот поглед ги опфаќа сите.

  2. Interesno! A koja e razlikata pomegju edna i druga pravoslavna crkva? Za shto se stremime, za bratstvo medju site pravoslavni ili ce ja korisime nashata iskonska pravoslavna vera za politichka cel, za borba da se dokazime koj e posilen, koja e nashata politichka pozadina od ” sili”? Ako nie, pravoslavnite dushi ne sme razbrale deka nashata sila e vo nashata pravoslavna vera, ne samo kako drzava i narod tuku sekoj od nas poedinacno shto Hristovata ljubov janosime vo nashite srca, togash ne sme razbrale deka ljubovta za brat po vera sprema brat e najgolemata sila shto sekoj ja poseduva vo svojata vera. Silata vo vera doaga od sekoj poedinec vernik a ne od pastirot ili kako go imenuvate Patriarhot. Ulogata na Patriarhot e da educira, da se grizji za site podednakvo, da promovira postovanie za site drugi religii i da ne se mesha vo politika i business Da propagira mir a ne vojna. Aj da se nadevame deka Ruskiot Patriarh ce promovira mir, ce se grizji za site pravoslavni vernici podednakvo i ce propagira poshtovanje za site drugi religii vo regionot pod negova zashtita. Milosta Hristova e golema i ja nosime vo nashite srca. Neka e Hristos Bog so nas, so niv i so vas! Amin!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Германски поклоници и политичка делегација го посетија Теолошкиот факултет во Халки

Теолошкиот факултет на островот Халки, во рамките на Вселенската Патријаршија, го посетиле две значајни групи посетители: германски православни...

Израз на солидарност од православен митрополит по сообраќајна несреќа во Стокхолм

Автобус на јавниот превоз во Стокхолм, Шведска, излетал од својата траекторија и удрил во автобуска постојка, при што...

Британски пастор предупреден од полицијата дека библиска порака на неговиот кaмпер (возило) може да се смета за „говор на омраза“

Во Ланкашир, на северозападот од Англија, полициски службеник предупредил 59-годишен христијански пастор дека библиски стих поставен на задниот...

Грчкиот министер за надворешни работи: „Потребна е итна заштита на христијанските заедници на Блискиот Исток“

Грчкиот министер за одбрана Никос Дендиас ја истакнал неопходноста од итна заштита на христијанските заедници во поширокиот регион...