Почетна Вести И тоа се случи. СПЦ осудена за мобинг
И тоа се случи. СПЦ осудена за мобинг

И тоа се случи. СПЦ осудена за мобинг

760
1

Судот во Панчево ја донел првата пресуда за мобинг во Српската Православна црква. Станува збор за случај во кој свештеникот Томислав Живковиќ од Епархијата во Банат, поднел тужба за мобинг против неговиот надлежен Архиереј, владиката Банатски Никанор.

Судот ја прифатил тужбата на свештеникот и пресудил дека Владиката Никанор се изживувал и го малтретирал свештеникот на работното место. Во пресудата, која била донесена минатата недела, како што пишуваат српските медиуми, на Владиката му се забранува ваков однос во иднина.

Сепак, за да биде правосилна пресудата, треба да помине рокот за жалба, што Никанор го има од осум дена.

Оваа е досега невиден ваков случај во црковната хиерархија, во кој свештеник на една Црква, го тужи Владиката за мобинг.

Свештеникот Живковиќ на овој чекор се одлучил откако минатата година бил под постојан притисок и малтретирања од Владиката. Честопати бил подложен на омаловажувања и навреди, по што решил правдата да ја бара надвор од црквата, во граѓанскиот судски систем на државата.

За парохискиот свештеник од Банатската епархија, овој чекор се покажал како исправен.

-Владиката спротовно на Уставот на СПЦ и на процедурите на црковниот суд, ми го одзеде протојерејскиот чин и ме деградираше на најниско ниво. Ми ја одзеде парохијата, ми ги укина социјалното и пензиското осигурување и ме казни со забрана за свештенодејство, што е во надлежност само на Црковниот суд. Врв на понижувањата беше кога се обиде заедно со семејството да ме исфрли од службениот црковен стан, изјавил свештеникот Живковиќ, објаснувајќи ја причината за поднесената тужба за мобинг.

Тој вели дека за целиот случај го известил и Синодот на СПЦ, како и Патријархот Иринеј.

Сега откако ја добил пресудата за мобинг, Живковиќ ќе го тужи Владиката и за надомест на штета, а парите ќе ги донира во болницата во Панчево.

Случајот на Живковиќ,  како што пишуваат српските медиуми не е единствен во Банатската епархија. Голем број свештеници, кои исто така биле предмет на мобинг од Владиката Никанор, веќе се охрабриле да проговорат за вакви и слични случаи. Сепак притиското врз нив дополнително се зголемил по оваа судска пресуда.

За случајот засега нема никаков коментар од Владиката Никанор, ниту пак од неговата Епархија, која медиумите во Србија ја оценуваат како најзатворена.

Инаку, Никанор е еден од крилото контроверзни владици во СПЦ. Себе си се претставува како „бранител на изворното православие“ од новите трендови во светот.

Коментар(1)

  1. Vakov proces koga bi se vodel i protiv vladikata Petar vo Makedonija ne se znae do kade bi se stignalo. No vo Makedonija seuste na se razmisluva da se stane na pat na despotizmot na toj vladika, pod izgovor deka drzavata ne se mesa vo crkovni raboti

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *