Почетна Вести Регион И свештеник на ГПЦ меѓу жртвите во пожарите во Атина
И свештеник на ГПЦ меѓу жртвите во пожарите во Атина

И свештеник на ГПЦ меѓу жртвите во пожарите во Атина

307
0

Презвитерот Спиридон Папапостолу од Грчката Православна Црква е дел од 80-те жртви во пожарите во Атака, кај Атина, соопштија грчките медиуми. Тој бил свештеник во црквата„Свети Николај“ во Халандри.

Неговото тело било извадено од морето, каде свештеникот се обидел да се спаси од огнената стихија.

-Голема загуба за нашиот град е смрта на отец Спиридон, изјавил граночаланикот.

Отец Спиридон бил долги години намесни на црквата Свети Николај и доста почитуван во градот.

Атинскиот архиепископ Јероним изјави дека трагедијата што ја зафати Атака е огромна.

Писма со сочуство за загинатите испратија и Вселенскиот Патријарх Вартоломеј и Александрискиот Патријарх Теодор.

-Нека Господ им дари вечен спокој и мир на оние кои ги загубија животите во овој трагичен настан и да им всадиу надеж и утеха на оние чии што срца крварат од загубата за љубените, стои во телеграмата.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *