И Полската православна црква побара прекин на војната – таа е неразбирливо зло

Date:

Share post:

Синодот на Полската православна црква ги повика руските власти да ги прекинат воените дејствија во Украина. Владиците на Послката црква оценуваат дека овие воени акции се „злобни и неразбирливи“. Овој став на Синодот ја вброи и Послаката црква на гласот на православните христијани ширум светот кои ја отфрлаат како нехристијанска идеологијата на „Руски свет“ поддржана од Патријархот Кирил.

-Војната е тешко искушение за животот на општеството. Украина и сите луѓе на мирот се во голема болка; се пролева крв, како онаа на Авел, убиен од неговиот брат Каин. Милиони украински граѓани ја напуштаат својата татковина. Народот страда, во хаос и е очаен. Воедно, Светиот архиерејски синод им се заблагодари на свештенството и на верниците од нашата црква за широката, сеопфатна помош што им се дава на бегалците од Украина – духовна и материјална. Ова е исклучително важно. На сите нив им изразуваме благодарност и благодарност. Господ да ве благослови!, стои меѓудругото во соопштението на Полската православна црква.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here