Почетна Вести Ислам И папата Франциск му кажа благодарам на имамот Идриз
И папата Франциск му кажа благодарам на имамот Идриз

И папата Франциск му кажа благодарам на имамот Идриз

279
0

Имамот од Минхен, Бенјамин Идриз, кој по потекло е од Македонија доби уште едно големо признание за неговиот придонес кон афирмација на мултирелигискиот дијалог.

Овој пат, лично Папата Франциск му испратил благодарница за неговата книга за Мухамед, за која верува дека ќе придонесе за меѓусебното разбирање на Исламот и Христијанството.

Имамот Бенјамин Идриз за „Религија.мк, вели дека писмо добил и од претходниот Папа, Бенедикт XVI.

-Поранешниот Папа Бенедикт исто така ми испрати писмо, велејќи дека се радува што имам еден имам кој делува во Баварија, од каде и тој потекнува, и кој се залага за мир и толеранција меѓу Исламот и Христијанството, вели имамот Идриз за „Религија.мк“.

Папата Франциск пак во писмото искажува задоволство за ангажманот на Идриз на полето на меѓуверскиот дијалог.

-Папата ги испраќа неговите поздрави до сите мои пријатели и познаници, вклучувајќи не нас лично во неговите молитви. Тој ги поздравува сите напори кои одат во насока на градење дијалог и мостови меѓу културите и религиите, вели Идриз.

Ова не е прв пат имамот од Македонија да добива признание за неговиот труд. Мината година и германската Канцеларка, Ангела Меркел лично му се заблагодари за напорите што ги вложува во меѓусебното запознавање на христијаните и муслиманите.

Џамијата во Минхен, каде имамот Идриз држи проповеди е едно од најпосетуваните места на претставници на различните верски заедници.

Бенјамин Идриз за себе вели дека го работи она што како традиција на меѓуверска почит го научил во Македонија.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *