Почетна Вести И македонски свештеници возат трактори
И македонски свештеници возат трактори

И македонски свештеници возат трактори

1.08K
1

Не сите свештеници се чувствуваат удобно во луксузни автомобили. Некои се чувствуваат удобно и на трактор на нива. Барем таков впечаток може да се добие од фотографијата што на својот фејсбук профил ја постави отец Милан Ѓорѓевиќ, професор на Богословскиот факултет во Скопје.

svestenik-traktorНе е познато дали свештеникот на МПЦ тракторот активно го користи, или пак само рекреативно. Како и да е, на социјалната мрежа собра позитивни коментари.

otec-milan

Коментар(1)

  1. Зарем е нешто ново? Само во нашата парохија има двајца свештеници кои обработуваат огромни површини лозја, се разбира неколку децении и со трактор. Нивните семејства работат како сите земјоделски семејства. Едниот е малку побогат, другиот претрпе неколкугодишни неплатени берби од локалните винарии како и многумина други лозари. И се’ што стекнале нивните семејства е со голем труд. Обајцата се меѓу другото и многу добри свештеници. Бог да го чува народот од помислите за среброљубието на свештениците со кои лукавиот последниве години најчесто ги одвојува луѓето од патот на спасението! Соблазните дошле заради малубројни поединци, а ете на крајот трпат многумина. Најдобро е негувајжи ја љубовта заедно да ги победиме демоните.

Напиши одговор на Тиквешанец Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *