Почетна Вести Христијанство И црквата на Полска ќе сослужува со МПЦ-ОА
И црквата на Полска ќе сослужува со МПЦ-ОА

И црквата на Полска ќе сослужува со МПЦ-ОА

261
0

Полската православна црква е уште една од сестринските цркви кои одобрија сослужување со владиците на МПЦ-ОА.

Архијерејскиот Собор на Православната Црква на Полска на своето редовно есенско заседание на дневен ред ја имаше точката за МПЦ-ОА, на која ја дискутирале актуелната состојба.

-На 25 октомври 2022 година, под претседателство на Неговата Еминенција, Високопреосветениот г. Сава, православeн Митрополит Варшавски и на цела Полска, се одржа есенското заседание на Светиот Собор на Епископите на Полската автокефална православна Црква. Присутни беа сите архиепископи и епископи. Прифатени се информациите од Константинополскиот Патријарх во врска со новите светители и со одземањето на некои свештенички чинови од страна на Патријаршијата. Прочитана е информацијата од Српскиот Патријарх за осамостојувањето на Православната Црква во Северна Македонија. Светиот Собор на Епископите со радост ја прими на знаење оваа информација и го потврди молитвеното општење со горенаведената Црква, стои во соопштението од Соборот на ППЦ.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *