Почетна Вести Регион И Бугарските владици решија да си слават 1000 години Охридска Архиепископија
И Бугарските владици решија да си слават 1000 години Охридска Архиепископија

И Бугарските владици решија да си слават 1000 години Охридска Архиепископија

264
1

Бугарската Православна Црква нема да дојде во Охрид на заедничко чествување, но и таа ќе слави 1000 години од основањето на Охридската Архиепископија.

Таква одлука донеле владиците на БПЦ на синодската седница кога ја одбија поканата од МПЦ-ОА за прославата во Охрид.

Во кусото соопштение Синодот на БПЦ само пишува дека одлучил прославата да биде на 10 јуни 2018 година, со Света литургија во Патријаршискиот храм „Александар Невски“ во Софија.

Други детали за оваа прослава нема, освен што владиците на БПЦ најавуваат вонредно Патријаршиско и синодално послание.

Покрај МПЦ-ОА, годинава 1000 години од ОА ќе слави и Српската Православна Црква. Трите цркви, на еден или на друг начин претендираат за наследството на древната Охридска Архиепископија.

Коментар(1)

  1. “1000 години и повеќе од тоа” – многу сиромашен текст во кој се испуштени да се наведат христовулите на византискиот цар Василиј II со кои се дава автокефалноста во 1019 година, па во 1020 и 1025.
    Во денешното Православие обременето од најголемиот пад духовен а тоа е национализмот се води полемика за тоа кој е прв, се поделија како што не требаше да се поделат – на Јудеи, Елини ….. а станаа робови на луѓе.
    Автокефален значи да си дораснат учењето Христово да го сведочиш пред сите, да ги видат твоите добри дела и да го прослават твојот Отец Небесен што ти дал таква мудрост со љубовта Негова да го покриеш секој човек и твојата борба да биде против поднебесните духови на злобата а не против крв и месо.
    Кога прославуваш – прославувај во името Христово, во соборноста на твојата домашна црква и покани ги сите на трпезата на Љубовта, ако не дојдат повијак ги од раскрсниците, но првин соборноста на твојата домашна црква – која во Македонија тешко за жал ја гледаме.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *