Почетна Вести Регион Хрватска калуѓерка со усташки симболи ги повикува младите да не се селат во странство
Хрватска калуѓерка со усташки симболи ги повикува младите да не се селат во странство

Хрватска калуѓерка со усташки симболи ги повикува младите да не се селат во странство

115
0

Калуѓерка од Хрватска со усташки симболи ги мотивира младите да не заминуваат од земјата, наведува порталот Индекс.

На социјалните мрежи е објавена фотографија од калуѓерката Звонимира Нимац со Ѓуро Кнезичиќ, еден од предводните на ветераните кои протестираа за своите права, на која се тие во маици на кои пишува „Останаа во Хрватска“, односно во оригинал „Ostashe U Hrvatskoj“, што јасно асоцира на усташтво.

Порталот Индекс потсетува дека за време на усташкиот режим во Хрватска, убиени се стотици илјади Срби, Евреи, Роми и хрватски дисиденти. На 28 април 1941 година водачот на хрватската Католичка црква Алојзије Степинац објави јавна поддршка за усташкиот режим и побара молитва за Анте Павелиќ.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *