Почетна Коментар Христовото раѓање да роди нова надеж за сите
Христовото раѓање да роди нова надеж за сите

Христовото раѓање да роди нова надеж за сите

285
0

“Слава на Бога во висините, а на земјата мир и меѓу луѓето добра волја”. Оваа реченица на Апостолот и евангелист на христовото дело –Лука, можеби е најпрецизната одредница за суштината на Божик како ден, но и уште повеќе на темелот на христијанството како религија на милосрадието, љубовта, правдољубието, вистината.

Христовото Рождество е почетокот на надежта за спасот на човештвото, кое во тоа време било на работ од најголемите искушенија.
Чествувањето на денот на Христос е потсетување на надежта во сите искушенија.

Празниците се да ги слават оние кои се на некој начин дел од нив. Почитувањето од другите пак е заедничка вредност.

Почитувани.

Пред Вас е интернет порталот, религија.мк, замислен како прв и единствен “Молитвеник за информации” на македонскиот медиумски простор. Идејата е овој медиум еден ден да прерасне во првата верска информативна агенција во Македонија.

Општествената структиураност на Македонија како млада демократија, произлезена од пост комунистичкиот систем во југоистоична европа, во изминатиове години покажува дека исклучително значајно е да се посвети сериозен пристап на елементите од едно општество кои можат да бидат интегративен сегмент.

Македонскиот мултиукултурализам и мултирелигиозен елемент, генерално се подлени по два основа. Етничката припадност на една етничка заедница се поколупува во најголем процент и со верската припадност од таа етничка заедница. Таквата поларизираност, честопати доведува до испреплетеност на етничките конфлики со верските елементи.

Мултикултурализмот, мултирелегиозноста и мултиетничноста се вредности на секое општетство. Но, за да се постигнат таквите цели потребно е создавање на амбиент за почит на различноста. За таа цел е потребна информација која ќе ја промовира таквата различност, а потребна е и меѓусебна искрена комуникација на носителите на верските различности.

Македононија изминативе триесетина години е општество во кое има дијалемтрално споротивни толкувања на Религијата. Од позиција на стигматизација до позиција на глорификација. Таквата општествена спротивставеност предизвикува поларизираност и честопати доведува до злоупотреба на верата, од што се раѓа фундаментализам.

Секоја вера и религија во својата чиста и изворна форма е богољубие и праводљубие. Почитта кон другиот е почит за себе.

Македонија има примери каде комуникацијата, почитта, блискоста на различните со годините во историјата изградиле правилни вредносни столбови кои денеска се пример за тоа дека различната вера и религија е обединувачи елемент на соживот.

На таквите парцијални примери од некои средини е потребно да им се даде вредносно признание, преку нивна инкузивност во сите останати средини во Македонија.

Проектот Религија.мк е интернет медиум кој нема да спори со верата и религијата, ниту пак е медиум кој ќе претендира да биде некаков вероучител. Верта е индивидуален избор на поединците, а верските учења дискрециони права на верските заедници.

Религија.мк е тука за да соопшти и пренесе што повеќе вести и информации, кои на каков било начин имаат поврзаност со религијата и верата, или пак на каков било начин влијаат врз животот на верските заедници.

Религија.мк, не е интернет портал на МПЦ-ОА, ниту на ИВЗ, ниту пак на која било верска заедница во Македонија. Религија.мк е новинарски производ, кој ќе биде отворен простор за сите верски заедници и религиозни групи во Македонија.

Ќе им помага на верските институции, чистата и искрена верска порака и поука да стаса до сите, до верниците, но и до различните по верско убедување. Но, истовреме овој интерет сајт ќе биде и отворен критички простор за сите погрешни политики на верските заедници и секоја злупотреба на верата и религијата.

Религија.мк ќе се обиде да ја афирмира политичката теологија, да ги анализира односите на државата и верските заедници, да биде промотор на секуларноста, не на атеизацијата или догматизацијата на општеството.

Овој интернет простор ќе биде промотор на информации и иницијатор на зголемена меѓуверска комуникација. Целта е искрена и секојдневна меѓуверска комуникација на институционално, но особено на општествено ниво.

Религија.мк е против секаков вид на говор на омраза, особено против говорот на омраза заснован на различна верска основа.

Религија.мк е новинарски медиумски производ, а не верски портал.

slika marjanЧестит Бижик.

Искрено, Марјан Николовски, основач и главен и одговорен уредник

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *