Почетна Вести Христијаните се наша заедничка пастирска одговорност
Христијаните се наша заедничка пастирска одговорност

Христијаните се наша заедничка пастирска одговорност

335
1

Папата Франциск и рускиот патријарх Кирил потпишувајќи заедничка декларација на средбата во Хавана, главниот град на Куба ја повикаа меѓународната заедница да преземе итни мерки за да се врати мирот во Сирија и Ирак и со тоа да се спречи прогонот на христијаните.

Тоа воедно била и главната тема на историската средба меѓу двајата највлијателни личности во христијанството.

И покрај разликите на католичката и православната црква, двајцата поглавари по речиси илјада години испратија мала надеж дека е можно да се работи и разговара за обединување меѓу христијаните, барем за вакви сустински прашања, како што е прогонот на христијаните во светот.

Поглаварите имаа речиси двочасовна средба, после која ја потпишаа заедничката декларација и дадоа куси изјави на прес-конфереција, без можност за новинарски прашања.
Папата зборуваше на шпански јазик, додека патријархот на руски јазик.

Официјалната прес-конференција беше преведувана на пет јазици.

По средбата, папата Франциск замина за Мексико, каде ќе ја продолжи својата посета на Латинска Америка.  Патријархот Кирил останува во Куба, а потоа заминува во посета на уште неколку држави од Латинска Америка.

Патријарх Кирил:

  • Имавме отворена дискусија за иднината на христијанството, како и за тоа дека сите имаме заедничка одговорност. Двете цркви ќе продолжат да работат заедно со сите христијани во светот против војната и за развој на целиот свет.

Папа Франциск:

  • Зборувававме како браќа и како поглавари на како цркви веруваме дека единството е во зборот. Зборувавме отворено, без предрасуди. Одговорноста е на двете цркви да се држат за рака и да ги обединат христијаните. Му благодариме на народот во Куба и на Раул Кастро.

Главни поенти од заедничката декларација на папата Франциск и рускиот патријсрх Кирил

  • Нека нашата средба ги поттикне Христијаните ширум светот со нова ревност да се повикаат на Господ, молејќи се за целосно единство на сите негови ученици.
  • Православните и Католиците мора да научат да се носат според сведоштвото на вистината во оние области каде што е можно и потребно.Човечката цивилизација влезе во период на епохални промени. Христијанска совест и пастирска одговорност не ни дозволува да останеме рамнодушен на предизвиците кои бараат заеднички одговор.
  • Погледот е насочен првенствено на оние региони на светот, каде што се прогонетите христијани. Во многу земји од Блискиот Исток и Северна Африка, нашите браќа и сестри во Христа се уништени со цели семејства, села и градови. Нивните храмови се подложени на варварски уништување и ограбување на светилишта, сквернавење споменици и уништување. Во Сирија, Ирак и други земји од Блискиот Исток, ние сме сведоци на масовн болка и егзодус на христијаните во земјата од која почна да се шири верата и каде што тие живееле од времето на апостолите, заедно со другите верски заедници.
  • Ја повикуваме меѓународната заедница да преземе итни мерки за да се спречи понатамошното раселување на Христијаните од Блискиот Исток. Подигање на твојот глас во одбрана на прогонетите христијани, ние се соживуваме со страдањето и припадници на други верски традиции, тие се жртви на граѓанската војна, хаос и терористичкото насилство.
  • Во Сирија и во Ирак, во насилствата загинаа илјадници животи. Ја повикуваме меѓународната заедница да се обедини за да се стави крај на насилството и тероризмот, а во исто време, преку дијалог да се олесни почетокот на достигнување на граѓанските мир.

Коментар(1)

  1. Od ovoj sostanok nema nisto. Badijava se sretnale. Da sakale tie i da se mocni da go obedinat svetot ne bi cekale 1000 godini na sredba. Vsusnost , onie koi go razedinile svetot i go podelile na verska osnova , ni slucajno ne mozat da go obedinat, a toa se religijata, verata i verskite vodaci , koi go turnale svetot vo medjusebni sukobi, prvenstveno na verska osnova .

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *