Почетна Вести Христијаните на штрек – предупредени дека се главна цел на ИД
Христијаните на штрек – предупредени дека се главна цел на ИД

Христијаните на штрек – предупредени дека се главна цел на ИД

157
0

Христијаните се предупредени да бидат во состојба на готовност бидејќи џихадистите ги таргетираат црквите за напад, пренесува британски „Експрес“.

Христијанскиот добротворен фонд „Варнава“, организација која ги штити прогонетите христијани, открива дека текстот на заканата е сличен на оној што бил користен од страна на ИД во видеоснимката од обезглавувањето на 30 етиопски христијани во Либија во 2015 година.

Фанатиците на терористичката Исламска држава, која ја презеде одговорноста за бомбата во Манчестер, се фалат: „Она што следува ќе биде потешко за следбениците на крстот и за нивните сојузници“.

Фондот ги повика црковните лидери да ги заштитат верниците.

– Речиси сигурно е дека порано или подоцна црквата во Велика Британија ќе настрада од некаква форма на терористички напад. Со оглед на тоа и на зголемените предупредувања за безбедноста, се повикуваат сите цркви да бидат дополнително претпазливи во наредните денови и веднаш да пријават се што е сомнително на полицијата. Ова не значи дека треба да се откажат службите, освен ако не се добијат конкретни совети од полицијата. Но треба да бидеме подготвени за се – се вели во памфлетот на добротворната организација под наслов „Моли се и заштити“.

Неколку илјади христијани се собраа во саботата во едно село на југот од Египет за да погребаат седум од 29 луѓе кои беа убиени во вооружениот напад врз автобус со египетски Kопти кои патувале кон манастирот „Свети Самоил“ во Минија, јужно од Kаиро во петокот, а меѓу кои имаше и деца.

Нападот, кој се случи во пресрет на муслиманскиот месец рамазан е четврти напад врз христијанското малцинство во Египет од декември минатата година. Но, погребот брзо се претвори во протест.

– Со крв во душата ќе те браниме, крсту. Или ќе се одмаздиме или ќе умреме како и тие – порачаа христијаните носејќи дрвен крст.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *