Почетна Коментар „Хепи Енд“, или „Д Енд“?
„Хепи Енд“, или „Д Енд“?

„Хепи Енд“, или „Д Енд“?

732
0

Македонските владици денеска на Синодска седница ќе одлучат во кој правец ќе ја водат иднината на МПЦ-ОА, а со тоа сами ќе си одредат каква одговорност ќе понесат. Чесно и достоинствено е по синодската Седница тоа на јавноста да и го соопштат. Работите како што досега стојат, отвараат повеќе дилеми, но најважната е дали се оди кон среќен крај, или кон крај.

Анализата на фактичката состојба покажува дека на 9 мај оваа година Всленската патријаршија го призна канонскиот статус на МПЦ и ја врати во сослужување во Православниот свет. На 16 мај тоа го направи и Соборот на СПЦ, со што СПЦ стана пратично втората автокефална црква со која Архиереите на МПЦ-ОА ќе можат да сослужуваат. Таквото сослужување, или литургиско општење е закажано за утре. Првото литургиско општење, или сослужување со Вселенската Патријаршија, според најавите треба да се случи на Педесетница – Духовден (денот роденден на црквата)

Од она што денеска ќе го одлучат владиците на МПЦ-ОА, во многу ќе зависи и текот на идниот развој на настаните. Дали тие ќе водат до изборот или, или… или пак ќе водат до крајната цел како координација и конструктивност на страните.

Одлуките што СПЦ ги носи овие денови имаат правна важност, бидејќи се носени од Соборот на СПЦ, тело задолжено за тоа. Одлуката од 16 мај е практично одлука со која се укинуваат претходни Соборски одлуки со кои МПЦ-ОА е ставена под шизма. Во тој контекст е и делот дека МПЦ-ОА се враќа во автономен статус од 1959 година.

За да биде легитимен натамошниот тек на процесот, овој Собор на СПЦ мора да донесе одлука со која ќе ја претстави МПЦ-ОА пред Вселенската Патријаршија за добивање авткефалност, бидејќи таква одлука може да носи само Соборот на СПЦ. Без таква одлука процесот останува недефинира, а МПЦ-ОА останува автономна црква.

Синодот на МПЦ-ОА, не може да донесе одлука за прифаќање на автономниот статус од 1959 година, затоа што нема правна основа да носи одлуки со кои ќе поништува одлуку на Црковно-народен собор. Тоа значи дека Одлуката за автокефаност на МПЦ-ОА од 1967 година е се уште на сила и МПЦ-ОА дефакто е автокефална црква со се уште не признат таков административен статус. За евентуална промена на административниот статус, одлуки може да носи само Црковно-народен Собор. Без разлика дали СПЦ донела одлука со која МПЦ-ОА ја враќа во автономија од 1959 година, таквата одлука нема да има правна важност за МПЦ-ОА, ако МПЦ-ОА не донесе одлука со која ќе се согласи на тоа.

Оваа лер ситуација може да биде преодниот период од-до. Период во кој СПЦ го чува своето достоинство и запазува канонскиот ред, а МПЦ-ОА премолчено се сложува за да се влезе во втората фаза од прицесот, а тоа е претставувањето пред Вселенската Патријаршија за автокефалност, што на Всленскиот патријарх ќе му овозможи полесен пат до конечното решение. Такво едно решение, со согласност на СПЦ е практично и општоприфатен автокефален статус на МПЦ-ОА од останатите православни цркви. Тоа е сценариото кое би требало да заврши со „Хепи Енд“.

Второто сценарио е класична замка, за која македонските владици треба да бидат на јасно. Тоа второ сценарио од првото се разликува во само една одлука, но води кон сосема друг правец. Тоа е дали ќе има или не Одлука на Соборот на СПЦ, од која ќе прозилезе писмо до Всленскиата патријаршија во која МПЦ-ОА ќе биде претставена како црква достојна за Аавтокефалноста, со согласност на Мајката Црква (сега од каде произлегува СПЦ). Без таква одлука и писмо, СПЦ практично ја става МПЦ-ОА во правна административна позиција на автономна црква и декларативна реторичка позиција на збор автокефална. Со други зборови, секој знае дека СПЦ не може да издава Томос за автокефалност, а и евентуално признавање на таква состојба и од Руската Црква, нема за значи никаква автокефалност. Тоа е сценариото кое води кон „Д Енд“.

Затоа во оваа одлука на СПЦ не мже да се пристапи од позиција на избор, да се избира помеѓу СПЦ и Вселенската Патријаршија. Туку на процес на кооперативност, Вселенската патријаршија со согласност на СПЦ.

Марјан Николовски

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *