Почетна Вести ГРУЗИСКИОТ ПАТРИЈАРХ ИЛИЈА: Причините се догматски, а не политички
ГРУЗИСКИОТ ПАТРИЈАРХ ИЛИЈА: Причините се догматски, а не политички

ГРУЗИСКИОТ ПАТРИЈАРХ ИЛИЈА: Причините се догматски, а не политички

411
0

Грузиската патријаршија по неколку дена молк му одговори на Вселенскиот патријарх Вартоломеј, за повикот нејзиниот Патријарх Илија да присуствува на завршната заедничка литургија за празникот „Сите Светии“ на Крит. Како и што се очекуваше одговорот од Грузија е негативен. Во писмото Грузискиот Патријарх, уште еднаш ги објаснува причините за бојкотот на Соборот, посочувајќи дека тие се целосно засновани на догматски причини и не станува збор за некаква политика на Грузиската патријаршија.

gruziska sinod 2Грузиската православна црква вели дека воопшто и не добила писмо од Константинополскиот Патријархат, но за него дознала од медиумите.

-Не е точно тоа, што некој припишува политички или слични интереси, како причина за нашата одлука да не учествуваме во Соборот. Се молиме, одлуките од Соборот да бидат прифатливи за целата Црква. Грузиската Црква никогаш не се согласи со текстот “Светата Тајна Брак и препреките за неа“. Таа не смета дека е прифатливо да се укине одлуката на Вселенскиот собор (72 од Петто-шестиот Вселенски Собор), која забранува мешани бракови, кои би овозможиле неправославните да учествуваат во Тајните на Црквата. Светиот Синод го одби овој документ и на 8 октомври, 1998 г, и повторно на 25 мај, 2016 г. Исто така, Грузиската Црква не го прифати ова и на Соборот на Поглаварите во Јануари. За оние, кои ја цитираат нашата согласност за одлуките од Соборот во Јануари, кој го закажа одржувањето на Великиот Собор, одговараме дека овие одлуки беа донесени пред гласањето на Поглаварите околу контроверзниот текст. Ние ја потпишавме одлуката за одржување на Соборот, со надеж дека евентуално ќе најдеме согласност за сите текстови, што, како и да е, не се случи. За жал, нашата Црква не виде никакви плодови од нашата посета на Фанар во Април, кога побаравме тој текст да се тргне од агендата на Соборот. Дури и сега, повторно бараме тој текст да не се вклучува во агендата на Соборот, затоа што не беше прифатена на Сеправославно ниво, ниту усогласена со Антиохиската Црква, му пишува Грузиската православна црква на ВСеленскиот патријарх Вартоломеј.

/РЕЛИГИЈА.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *