Грузиски Митрополит ја призна автокефалноста на украинската црква

Date:

Share post:

Еден Митрополит на Грузската Православна Црква ја призна украинската автокефалност и отворено застана во нејзина поддршка. Митрополитот Јосиф, е првиот архиереј на оваа црква кој со официјално соопштение ја поздрави независноста на Православната црква во Украина, откако таа доби Томос за автокефалност од Вселенската патријаршија.

-Ја поздравувам Православната црква во Украина со добивањето на Томос и мислам дека Украина е достојна да има независна црква, затоа што таа со векови се бори за својата независност и автокефаност, напиша Владиката Јосиф во официјалното соопштение.

Грузиската Патријаршија, пак веднаш соопшти дека оваа изјава е личен став на владиката и дека Синодот на Грузиската црква ќе го донесе официјалниот став на своето редовно заседание.

Во оваа црква засега има поделеност по ова прашање и затоа се уште се одлага неосењето официјален став. Една од причините е и стравот доколку Грузиската Патријаршија ја признае автокефалноста на Украина да не се случи раскол во самата Грузиска црква.

Еден друг владика, Митрополитот Николај смета дека Грузиската црква не треба да брза и треба да почека како останатите православни цркви ќе се произнесат.

-Ние својата автокефалност ја прогласивме во 1917 година, Руската Црква едвај ја призна во 1947 година, Константинополската пак во 1990 гоидна. Ние треба да ги почекаме другите цркви, кои се по напред во диптихот од нас први да се произнесат, изјавил владиката Николај.

Сепак, поголем дел од грузиските владици ја поддржуваат независноста на Православната црква во Украина. Според нив издавањето на Томос е реално решение и Украина има право на автокефална црква.

Од друга страна пак, во Патријаршијата во Грузија има силно проруско крило од архиереи, кои се противат на тоа Грузија да ја признае автокефалноста во Украина, туку напротив јасно да застанат во поддршка на Црковна Москва.

/Двери бг

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img